20 Април, 2024
0.0250

Колку дивиденда ќе подели прилепска „Витаминка“?

Објавено во: Економија 22 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Нето дивиденда од 154 денари по акција на прилепска „Витаминка“ , ова е предлог-одлука на претстојното акционерско собрание на една од најголемите домашни компании од прехранбено-кондиторската индустрија. Добивката на „Витаминка“ лани е околу 523.000 евра, а приходот бил 28,2 милиони евра. Од тие 523.000 евра бруто дивиденда се 213.000 евра

Прилепска „Витаминка“, една од најголемите домашни прехранбени компании ќе подели нето дивиденда од 154 денари за акција, пишува во предлог-одлуката што ќе се најде на гласање на претстојното акционерско собрание на таа компанија закажано за 12 јуни оваа година. Овој износ е принос од само 1,8 отсто од пазарната цена на таа акција и еден од најниските дивидендни приноси во споредба со другите дивидендни акции на нашиот пазар на капитал.

„Витаминка“ на своите акционери ќе им исплати бруто износ од 13,14 милиони денари односно нешто помалку од 213.000 евра. Нето износот што ќе заврши кај акционерите изнесува околу 191.000 евра. Тоа значи дека во државната каса од дивидендата на „Витаминка“ ќе влезат 23.000 евра на основа на персонален данок на доход.

Најголем дел од парите од дивиденда ќе останат кај домашни физички лица. Меѓу нив шестмина поседуваат 59 отсто од акциите на „Витаминка“ а еден од нив долгогодишниот директор и еден од основачите Симон Наумоски е најголем акционер и поседува 29,5 отсто од акциите. Тој ќе добие 3,5 милиони денари од дивиденда на своите акции односно околу 60.000 евра. Втор по големина акционер е неговиот син Сашо Наумоски кој неколку години е првиот оперативец и директор на прилепската прехранбена индустрија. Тој поседува 7 отсто од акциите. Следен на листата акционери е Кирил Божиновски, поранешен директор, сега пензионер кој поседува 6 отсто од акциите на компанијата. Тука е и Стеван Игнатовски кој поседува 5,98 отсто од акциите на компанијата. Марика Наумоска поседува 5,2 отсто од акциите и Наташа Стојкоска која поседува 5,12 отсто. „Витаминка“ има вкупно 221 физичко домашно лице – акционер и тие поседуваат вкупно 90,4 отсто од акциите.

„Витаминка“ лани имала приход од 1,745 милијарди денари и расходи од 1,706 милијарди денари. Добивката по оданочување лани е 32,9 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има