Koлку доктори на науки добила Македонија лани?
Објавено во: Македонија 24 Март, 2018
Според Државниот завод за статистика минатата година со звањето доктор на науки се стекнале 209 лица, што претставува зголемување за 6,1 процент во споредба со претходната година.
Доктори на науки лани станале 123 жени, што е 58, 9 проценти од вкупниот број лица кои докторирале минатата година.
Во областа на општествените науки докторирале 47,8 проценти, на медицинските науки 22 проценти, потоа хуманистичките науки со 11,5 проценти, а останатите доктори се во областа на техничко-технолошките, природно-математичките и биотехничките науки.
Од вкупниот број најголем процент (31.6 отсто) професијата ја извршуваат во образовната дејност.