20 Април, 2024
0.0288

Колку не чинеше инјектирањето на фирмите со грантови и субвенции

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Државата во 2018 им префрлила на сметките вкупно 40,2 милиони евра неповратни средства во вид на грантови и субвенции на домашни и странски претпријатија од Македонија за нивно помагање и поттикнување на конкурентноста.

Фондот за технолошки развој и иновации учествувал најмногу во доделувањето на неповратни средства како помош за компаниите со вкупна сума од 12 милиони евра исплатени на нивните сметки во текот на ланската година, според пријавеното во Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Исплатената помош минатата година на фирмите кои им ја зголемиле минималната плата на своите работници на 12.000 денари поделиле преку Министерството за труд и социјална политика само 385 илјади евра  Инаку за оваа намена министерството треба да им помогне привремено на фирмите кои законски биле принудени да им го зголемат минималецот на своите вработени со 6 милиони евра за 2018 и 14,5 милиони евра за 2019.

Со новиот закон за финансиска поддршка на инвестициите им биле исплатени 3,12 милиони евра на домашните и странските извозно ориентирани претпријатија кои покажале интерес да вложуваат во својот технолошки развој и да го зголемат бројот на вработени. Инаку предвидено е целосната сума да биде 18,2 милиони евра за 2018 по донесеното решение донесено минатиот јуни со поддршка на овој проект од Министерството за економија. .

Министерството за труд и социјална политика, преку Агенцијата за вработува и разните програми за вработување на неколку категории на невработени лица, кај фирмите евидентирана е финансиска помош од 1,14 милиои евра од планирани 1,4 милиони евра што значи дека динамиката на исплата одела добро откако програмата стапила на сила во март 2018.

Агенцијата за туризам на туроператорите кои носат странски туристи во земјата ги субвенционирала со 1,23 милиони евра од одобрени 1,9, при што преостанатите треба да се префрат во текот на оваа година, а во овој сектор пари доделувало и Министерството за економија со 270 илјади евра.Истото министерство дало нешто повеќе од 100.000 евра и за иновации и претприемништво.

За регионана помош се дадени 3,12 милиони евра. Останатите суми од исплатените 40 милиони евра биле наменети како државна помош главно за странските инвеститори кои работат во индустриските зони.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?