28 Март, 2024
0.0256

Колку е богат заменик министерот снимен како зема мито

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Што би можело да го натера заменик министерот за здравство Асим Муса да посегне по земање мито, барем од она што го покажуваат снимките објавени од албанската телевизија Top Channel.

Фактор го погледна неговиот имотен статус. Од имотната состојба објавена во неговиот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупцијата, може да се види дека тој не е ниту особено богат, ниту сиромашен. Има имот, возила, нема штедни влогови во банка, но затоа има неколку кредити. 

Имено, тој располага со земјиште од 436 метри квадратни во Струга, кое го има од 2016 година и било стекнато со договор за подарок. Не е наведено дали ова земјиште е на негово име или на име на член на негтовото семејство, бидејќи таков податок не дал во анкетниот лист. Ова земјиште вреди 120 илјади денари или безмалку две илјади евра, што е ниска сума. 

Но затоа, тој има уште едно земјиште, кое е многу повредно, односно е проценето на дури 50 илјади евра. Станува збор за површина од 1.215 метри квадратни во село Добовјани струшко, кое е стекнато во 1980 година, преку наследство, и и за него заменик министерот не дал податок дали е на негово или на име на член на семејството.

Асим Муса има и стан вредено 80 илјади евра, од 89 метри квадратни, кој се наоѓа во Струга и него практично неговото семејство го мкупило во 2009 година. Исто нема податок на чие име гласи како сопственост.

Затоа, пак, сопругата на асим муса има моторбо возило Голф 5 од 2005 година, вреден 366 илјади денари или околу шест илјади евра.

Во неговото семејство има уште два автомобила, за кои нема информација кој конкретно ги поседува, и тоа двата се мерцедеси. Едниот, прилично постар, Мерцедес 123 од 1982 година, вреден околу две илјади евра, и еден понов мерцедес МЛ од 2004 година, кој е проценет дека чини 610 илјади денари или околу 10 илјади евра. 

Како други приходи во семејството навел и плата од 24 илјади денари месечно, за која не се знае кој ја зема од неговите поблиски. 

Но затоа Асим Муса има многу кредити, еден од 10 илјади евра, земен во 2016 година, другиот речиси 18 илјади евра, земен во 2008 и третиот подигнат исто во 2016, на сума од близу 20 илјади евра. 

Асим Муса беше предложен од Владата во мај минатата година за заменик министер за здравство, и тој е снимен како зема мито за операција. „Делото“ е снимено во Струга каде што Муса работи како лекар, а наводно пациент е новинар.

Видео снимката ја објави истражувачката емисија „Фикс Фара“ што се емитува на Top Channel.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?