25 Април, 2024
0.0383

Колку фирми се блиски до функционери: Истекува рокот за газдите добитници на пари од Фонд за иновации

Објавено во: Економија 10 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска истекува рокот од 15 дена во кој газдите на фирмите кои добија пари од Фондот заиновации требаше да достават изјава дали се поврзани со носители на јавни функции. Директорот Јован Деспотовски пред толку време изјави дека фирмите добитници се обврзани на ова откако изби скандал со поделбата на парите. Самиот тврдеше дека сопственоста не била критериум за изборот, а дека селекцијата ја вршел експертски Комитет за одобрување.Деспотовски за Фактор не откри детали, вели дека треба да сепочека сите сопственици да ги достават изјавите. Ако некоја од фирмите потврди дека на некаков начин е поврзана со поранешен или актуелен функционер, за нејзината апликација, Комитетот повторно треба да го разгледува барањето.

Ќе треба да се испита дали компаниите кои декларираат потенцијален конфликт на интерес навистина ги исполнуваат условите.

На огласот аплицираа 235 компании, а беа избрани 79. По објавувањето на резултатите од повикотбеа изнесени тврдења за злоупотреби во распределбата на грантовите на фирми поврзани со владини функционери, а Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас.

Обвинителството презема дејствија за утврдување факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран.​

Инаку Фактор уште чека одговор по барањето за пристап до информации од јавен карактер кое го испративме до Фондотза тоа кои се  луѓето кои дале позитивни оценки за проектите на кои Фондот за иновации им одобри пари за иновации и за развој. На официјалното прашање претходно од Фондот тврдеа дека немаат право да го откриваат идентитетот на надворешните експерти оти тие не потпишале согласност за тоа. Стручнаците биле вклучени во изборот во фаза наречена претселекција и поради нивните оценки проектите стасале во последниот круг за избор. Инаку конечниот збор, според правилатаго имал петчлениот Комитет за одобрување. Така останува мистерија кои се тие 80 луѓе кои биле ангажирани и платени од државниот буџет, а биле и значаен филтер кон конечниот избор.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст