20 Јануари, 2020
0.0209

КОЛКУ И КОГА - во декември ќе се офајдат „скенирачите“ на фискални сметки

Објавено во: Финансии 07 Ноември, 2019

Ќе легнат ли 3,5 милиони евра на сметките на граѓаните што скенираа фискални сметки веќе од почетокот на наредниот месец. 

Неодамна премиерот Зоран Заев изјави дека првите пари од повратот на ДДВ на граѓаните ќе стигнат на нивните трансакциски сметки меѓу први и 15 декември. 

Претходно, пак, на партиска трибина директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска рече дека „МојДДВ“ е мерка, која за прв пат враќа пари кај граѓаните, помага во сузбивањето на сивата економија и и помага на Управата за јавни приходи да се справи со сите што сакаат да направат даночно затајување. 

Досега според неа, има над 175 илјади корисници на оваа мерка, а првата исплата ќе биде во декември, кога 3,5 милиони евра ќе одат директно во џебот на граѓаните.

А после декемвриската исплата, потоа на секои три месеци ќе се исплатуваат наредните средства на трансакциските сметки од скенираните фискални. Значи, во текот на февруари ќе има исплата за месеците октомври, ноември и декември, додека, пак, во април, на „скенирачите“ на фискални сметки ќе им стигнат парите за месеците јануари, февруари и март.

А според најавите, даночните власти ќе објават анализа и податоци за мерката „МојДДВ“ преку која ќе се види какви биле придобивките во однос на намалување на сивата економија. 

Можеби ќе ве интересира

ЗАПРЕ РАСТОТ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин не е најскап

ЗАПРЕ РАСТОТ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин не е најскап

Поседуваат повеќе пари од сите жени во Африка

Поседуваат повеќе пари од сите жени во Африка

УНИБанка ќе исплатува камата за перпетуалните обврзници

УНИБанка ќе исплатува камата за перпетуалните обврзници

КОЈ ЗАРАБОТИ НАЈМНОГУ ПАРИ И Е НАЈБОГАТ ВО СВЕТОТ: Ниту Гејтс, ниту Безос, туку овој човек

КОЈ ЗАРАБОТИ НАЈМНОГУ ПАРИ И Е НАЈБОГАТ ВО СВЕТОТ: Ниту Гејтс, ниту Безос, туку овој човек

Ангеловска: Со сивата економија ќе се бориме и преку инспекции, но и со меки мерки

Ангеловска: Со сивата економија ќе се бориме и преку инспекции, но и со меки мерки

Се огласи и гувернерката Бежовска: Ги симнуваме каматите, но уште ни се повисоки од Европа

Се огласи и гувернерката Бежовска: Ги симнуваме каматите, но уште ни се повисоки од Европа

Уште една земја размислува за работна недела од четири дена

Уште една земја размислува за работна недела од четири дена

Сега се 5 отсто за кредити и 1,28 отсто за заштеди - каматите ќе паѓаат и натаму

Сега се 5 отсто за кредити и 1,28 отсто за заштеди - каматите ќе паѓаат и натаму

ИСТОРИСКИ НАЈНИСКА - НБМ ја симна основната камата на само 2 отсто

ИСТОРИСКИ НАЈНИСКА - НБМ ја симна основната камата на само 2 отсто