19 Април, 2024
0.0925

Колку ќе чини даночниот мир – Швајцарските банки пред нов предизвик

Објавено во: Свет 10 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Швајцарија вложува големи напори за завршување на спорот со САД поврзан со сметките на американски затајувачи на данок во швајцарските банки. Набљудувачите, меѓутоа предупредуваат дека новонастанатиот мир би можел да има висока цена. Долниот дом на швајцарскиот парламент вчера гласал во корист на законот со кој се утврдува дека швајцарските банки мораат на американските власти да им ги предадат информациите за сметки на сегашни и идни американски клиенти. Одобрувањето на американскиот закон за одданочувањена сртаснки сметки кој има за цел да спречи американските државјани да ги сокријат парите од даночните власти доаѓа само една недела откако швајцарската влада се согласи на одвоен договор со кој ќе може со помош на домашните банки да се искупи за лошото работење во минатото. Се проценува дека швајцарските банки прифатиле десетина милијарди непријавени долари од државјаните на САД, иако тие сега одбиваат такви пари, а официјален Берн инсистира дека се неопходни двата последни договори како би дошло до завршување на спорот кој ги загрози односите помеѓу двете земји. Овој договор според критичарите би можел да биде смртоносен за швајцарските банки. -          Тоа е погубно за швајцарската финансиска индустрија, вели адвокатот Даглас Хорнунг, предупредувајки дека банките би можеле да се соочат со уште поголеми казни, доколку европските даночни власти одлучат да тргнат по стапките на Вашингтон. Благодарејки на овој договор, швајцарските банки би можеле да избегнат кривична одговорност пред американските власти, доколку прифатат да ги предадат информациите за тоа кои американски државјани имаат сметки и ги платат казните процеднети на 20-50 отсто од вредноста на непријавентите средства во зависност од времето кога сметките се отворени. Меѓутоа еден дел од шавајцарските банки веќе е под истрага од властите на САД и овие банки нема да можат да учествуваат во договорот.  

Можеби ќе ве интересира

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“