19 Април, 2024
0.0353

КОЛКУ ЌЕ „НАСТРАДАТЕ“ ОД КОРОНАТА ЗАВИСИ И ОД КРВНАТА ГРУПА - еве кој треба повеќе да се грижи

Објавено во: Свет 09 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Германски и норвешки лекари ги потврдија претпоставките на своите кинески колеги, а тие се дека крвната група има одлучувачка улога во развојот на заболувањата од новиот коронавирус, пишува Курир.рс.

Кинески научници на почетокот на март открија дека лицата со крвна група А имаат потешки симптоми на заболување од оние со крвна група О (нулта).

Научници од универзитети во Осло и Кил, врз основа на извршени 1.610 анализи на крвта кај лица со тежок развој на болеста, кои се наоѓаат на респиратори, докажале дека е поголема веројатноста за зараза кај луѓето со крвна група А. Инаку, анализираните примероци од крв се на лица од најпогодените области во Италија и Шпанија.

Истражувањето, предводено од норвешкиот научник Том Карисен и Германецот Андре Франке, покажува дека пациентите со крвна група А имаат двојно поголеми шанси да бидат вклучени на респираторна машина отколку лицата со крвна група О.

Утврдено е дека луѓето со крвна група О имаат поголем заштитен ефект, па поради тоа имаат и помал ризик од зараза.

Во Германија 37 отсто од населението имаат крвна група А+, 35 проценти крвна група О+, а по шест отсто А- и О-.

„Крвната група во основа може да биде фактор ризик за заболување“, вели професорот по интерна медицина од Универзитетот Грајсвалд, Маркус Лерх, додавајќи дека крвната група треба да се земе предвид при утврдување на одредени хронични болести.

Професорката по интерна медицина на виенскиот Универзитет, Ренате Хајнц, која подолг период се занимава со поврзување на крвната група и хроничните болести, наведува дека во кардиологијата е познато оти лицата со крвна група А, Б и АБ имаат поголема веројатност да заболат од коронарни болести.

„Шест отсто од срцевите заболувања можат да се поврзат со „неповолна“ крвна група“, соопшти Здружението на германски кардиолози.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените