Колку ќе плати „Македонијапат“ за белата линија?
Објавено во: Економија 10 Август, 2018
За нанесување на површинската сигнализација, односно на белата боја на патиштата низ Македонија потребни се околу половина милион евра за една година, барем според тендерот на „Македонијапат“, која за таа намена набави 106 тони бела боја, 17 тони разредувач и 31 тон перла (рефлексит).
За оваа набавка јавното претпријатие ќе плати 481.000 евра (цената е без ДДВ) на скопската фирма „Крафтинг Груп“ од Скопје. Набавка е планирана за една година да ги задоволи потребите за боја за белата патна линија на магистралните и регионалните патишта.