24 Април, 2024
0.0307

Колку ќе заработува Роналдо со новиот договор

Објавено во: Стил 21 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Има 33 години, но новиот договор со Реал Мадрид му е многу подобар од претходниот.Доброинформираниот „АС“ пишува дека најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, ќе заработува 30 милиони евра, наместо досегашните 21.

Португалецот успеа да ги убеди челниците на европскиот првак дека заслужува зголемување на заработката. Роналдо ќе потпише нов договор пред почетокот на Светското првенство, и на тој начин претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез ќе го исполни ветувањето дадено пред она ланско финале во Кардиф, кога рече дека ЦР 7 ќе добие зголемување на платата.

Роналдо го убеди Перез пред се, со головите. Најважната работа. Оваа сезона досега ги има вкупно 42, а од нив 15 се во Лигата на Шампионите.

Дури шест во двомечевите со ПСЖ и со Јувентус во текот на оваа пролет, поради што веројатно и Перез сфати дека иако е во 33.година од животот Роналдо и понатаму игра на врвно ниво.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган