19 Април, 2024
0.0276

КОЛКУ ЌЕ ЗАВРШАТ ВО МАКЕДОНИЈА?: Шест милиони стари дизелаши од Германија ќе го преплават европскиот пазар

Објавено во: Економија 12 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Германија ги чисти патиштата од старите дизелаши, последната понуда е субвенција до 10.000 евра за купување нов автомобил, па се очекува до крајот на годината околу 6 милиони германски половни возила да го преплават европскиот пазар. Најголем дел од нив, речиси со сигурност ќе завршат во посиромашните земји, како балканските, меѓу кои е и Македонија.

Според статистиката, по германските патишта во моментот возат околу 15 милиони дизел автомобили кои ги исполнуваат евро 4, евро 5 и актуелниот евро 6 еколошки стандард. Од нив, 6,7 милиони одговараат на евро 4 регулатива, други 6 милиони ги задоволуваат евро 5 прописите, а останатите се од највисоката еколошка класа. Како што пишуваат  германските медиуми, возилата со евро 4 стандард ќе треба да бидат отшлепани на отпад или продадени во други земји инаку нивните сопственици ќе треба да плаќаат поголем данок и поскапа регистрација за нив. За автомобилите со евро 5 и евро 6 стандард, производители ќе овозможат бесплатна надградба на софтверот за да се постигне помало загадување на воздухот со штетни гасови.

Домашните авто- дилери без коментар

За жал, иако се обративме Групацијата на импортери на автомобили при Сојузот на стопански комори, досега не добивме од нив официјален коментар за оваа нова ситуација со која ќе се соочи домашниот авто- пазар, кој и онака во последниве години е на стаклени нозе. Олабавената политика за увоз на употребувани возила и економската состојба во земјава придонесоа граѓаните се потешко се фатат за џеб и да купат нов автомобил. Во отсуство на некаков вид државна субвенција или лесно достапен кредит со ниска камата, на обичниот човек му е позгодно за 5.000 до 10.000 евра да купи старо возило од повисока класа, отколку за истите пари да земат нов автомобил од средна или пониска класа.

Луѓето од авто- салоните во неофицијален разговор велат дека увозот на стари возила не само што предизвикува зголемено загадување на воздухот, што е голем еколошки проблем со кој се соочуваме секоја зима, туку последици од намалениот бизнис трпат и илјадниците вработени во секторот и во другите придружни дејности.

Од друга страна, сопствениците на плацеви за продажба на половни возила трљаат раце. Тие очекуваат зголемени испораки на дизел возила со евро 4 од Германија, за какви што е дозволен увозот кај нас.

- Не верувам дека Германците сите тие возила ќе ги пратат под преса. А и зошто би, кога можат да ги продадат на други, помалку еколошки свесни пазари. Возила со евро 4 стандард можат слободно да се увезат кај нас, а поради големата понуда ќе бидат многу евтини да се купат во Германија. Нема да има проблем за продажбата, нашите луѓе сакаат коли донесени од Германија. Без разлика колку се стари сите се добро сочувани и сервисирани. Затоа, воопшто не се сомневам дека речиси сите овие автомобили ќе го видат крајот во Македонија и во други земји како Србија, Босна и Херцеговина, Албанија- коментира еден сопственик на авто- плац.

Паѓа продажбата на дизелашите во ЕУ

Додека Германците се подготвуваат за масовна кампања за субвенционирање на набавка на нови автомобили, бројките за продажба на нови автомобили во Европа потврдуваат дека опаѓа интересот за дизел- автомобилите.

Во најголемите европски пазари, продажбата на автомобили е во пораст, иако е помала отколку во минатото. Но, се забележува еден важен пресврт, а тоа е пад на продажбата на дизел возилата. Во Велика Британија, на пример, во јуни годинава во споредба со истиот месец лани, продажбата е намалена за 20 отсто. Дури и во Германија, земја- татковина на дизел моторите и каде што економијата има големи очекувања од автомобилската индустрија, продажбата на дизел возил се соочува со значителен пад. Во јуни, 39 отсто од новопродадените патнички автомобили беа опремени со дизел мотори, додека учеството на бензинците е повисоко за 19 процентни поени и изнесува 58 отсто. Колку за споредба, во 2015 година овие проценти беа изедначени.

Кај нас, ситуацијата е поинаква. Како што веќе пишувавме, во земјава се регистрирани 383.833 автомобили. Најголем дел или 209.122 се бензинци, а 163.038 се со дизел мотор. Најзагрижувачки е тоа што бројот на дизелашите во 2015 година е дуплиран во споредба со нивниот број во 2011 година, кога тој изнесувал 85.426 возила.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите