25 Април, 2024
0.0466

Колку лицемерно: Донации за Нотр Дам за само два дена - а за гладни деца?

Објавено во: Свет 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Откако за само два дена беа собрани над милијарда долари за реставрација на катедралата Нотр Дам во социјалните мрежи се појавија и првите критики.

„Коe лицемерие?“, „Жалам за Нотр Дам, но жалам и за избришениот од земја најстар град во светот Дамаск“, „Навистина е трагедија пожарот во Нотр Дам, но ми е многу повеќе жал за милионите гладни деца“, оваа се само дел од многуте реакции на социјалните мрежи, пишуваaт хрватски медиуми.

И покрај тоа што е вредно културно наследство, многу луѓе овој успех на прибирање финансиски средства за само два дена го коментираат како  несоодветна приоритизација. Еден од најголемите критичари на Твитер вели дека богатите се покажале како големи донатори, но дали исто така донираат и кога станува збор за "крај на гладот, сиромаштијата, недостаток на здравствена заштита, вода и образование во сиромашните земји".

Познавачите велат дека, луѓето донираат најмногу во светски рамки кога станува збор за итни случаи, во акутни ситуации. Донираат и за борба со сиромаштијата, но на подолги временски интервали. Многу потешко се активираат донаторите за борба со сиромаштијата, посебно во земја каде што има корумпирн политички систем отколку во акција за жртви од катастрофален земјотрес.

Како што е наведено, ова покажува дека луѓето не се водат со разум, туку со своето срце.

Статистиката на хуманитарна организација покажува дека луѓето даваат за многу различни намени и дека собраниот износ за Нотр Дам е всушност статистички незначителен, бидејќи вкупниот износ што го собраа хуманитарните организации само во САД во 2017 година изнесуваше околу 410 милијарди долари.

Фото Ера

Можеби ќе ве интересира

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!