Koлку луѓе загинаа досега во Нагорно - Карабах?
Објавено во: Свет 13 Октомври, 2020
Во Нагорно-Карабах во воените судири меѓу Ерменија и Азербејџан досега загинаа 600 војници и цивили.
Воени претставници од Нагорно-Карабах денеска соопштија дека се убиени уште 16 нивни војници.
Од 27 септември, убиени се 532 припадници на војската во Нагорно-Карабах.
Азербејџанските власти не ги објавуваат своите воени загуби, но познато е дека имаат 42 цивилни жртви на нивна страна.
Овој последен конфликт меѓу азербејџанските сили и ерменските сепаратисти од Нагорно Карабах, е најжесток по воспоставувањето на примирјето во 1994 година.
Двете држави меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот за прекин на огнот, постигнат во петокот во Москва.
Копретседателите на групата Минск на ОБСЕ, Игор Попов (Русија), Стефан Висконти (Франција) и Ендру Шофер (САД), денеска изразија загриженост од развојот на ситуацијата во Нагорно-Карабах, нагласувајќи дека веќе не смеат да паѓаат цивилни жртви.
Судирите меѓу ерменските сили во Нагорно Карабах и азербејџанската армија во последните неколку недели доведоа до зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Се војува веќе 17 дена.