28 Март, 2024
0.0300

Колку македонски мировници ќе завршат во мисиите во Авганистан, Либан и БиХ?

Објавено во: Македонија 15 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Македонската армија се подготвува за три нови мировни мисии во странство, а Министерството за одбрана веќе донело одлука за распределба на војници во три странски операции. Според предлог одлуките поднесени од министерката Шекеринска најголем контигент од 41 војник на АРМ ќе заврши во Авганистан, каде повеќето од нив ќе имаат задача да дадат асистенција на командата на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул.

Македонските војници во Авганистан ќе бидат распоредени на следниот начин, по три штабни старешини на Армијата, во Главната Команда на мисијата во Кабул, за период од 6 месеци, 25 припадници на АРМ во Единицата за заштита на силите на Главната оперативна команда во Кабул, исто така за период од 6 месеци, како и 13 штабни старешини на Армијата, во Командата за обука, советување и асистирање во Кабул, за период од 6 месеци.

Финансиските трошоци за плати и надоместоци на плати на припадниците на Армијата за време на извршувањето на мировната операција во Авганистан, ќе бидат на товар на Министерството за одбрана, додека пак трошоците за транспорт, сместување и исхрана ќе ги обезбедат партнерските земји.

Северна Македонија свое учество има и во мировната мисија во Либан под водство на Обединетите нации која е постојана. Таму мирот ќе го одржуваат тројца македонски војници, еден штабен офицер во Здружениот оперативен центар на мировната операција за период од 12 дванаесет месеци и двајца штабни офицери во Командата на здружените наменски сили на Армијата на Република Италија - Сектор „ЗАПАД“, за период од 6 месеци. Финансиските трошоци за плати и надоместоци за време на извршувањето на мировната операција, ќе ги обезбеди Министерството за одбрана, а трошоците за транспорт, сместување и исхрана се на товар на ООН и Италија.

Продолжува и праксата на испраќање на припадници на македонските вооружени сили и во БиХ која е во нашето непосредно окружување, а станува збор за кадри од воздухопловството. Во мисијата АЛТЕА е предвидено да биде испратен еден припадник на АРМ на позицијата штабен офицер во Команда на ЕУФОР „АЛТЕА“, за време од 6 месеци. Трошоците за плати, надоместоци, логистика, како и за подотовка и организација паѓаат на товар на Министерството за одбрана.

Верификација на предлог одлуките на Министерството за одбрана треба да биде дадено и од страна на Собранието, за што веќе се одржа седница.

Одлуките беа ставени на дневен ред пред пратениците кои позитивно се изјаснија со што Северна Македонија ќе продолжи да дава свој придонес во мировните мисии предводени од стратешките партнери и сојузници, како од НАТО, така и од ООН и ЕУ.

По завршувањето на учеството во мировната операција, Владата на Република Северна Македонија е должна да поднесе извештај пред Собранието.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6