20 Април, 2024
0.0264

Колку милијарди денари повеќе ќе платиме за дизел-акцизата вгодина?

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Речиси 2 милијарди денари повеќе ќе платиме идната година заради зголемувањето на акцизата на дизелот за 24 отсто. Од тие 2 милијарди, 1,6 милијарди денари ќе бидат зголемени приходи од акцизата и уште 350 милиони денари од ДДВ-то кое ќе порасне заради зголемената основица за пресметка предизвикана од акцизата. Министре Тевдовски има ли ваков скок на државна давачка дури и во Данска која важи за еко-оаза?

Министерството за финансии објави дека за 24 отсто ќе поскапи акцизата за дизел горивата од почетокот на идната година. Од сегашните 12,5 денари за 15,5 денари за литар дизел гориво. Според официјалните податоци кои може да ги најдете на следниот линк на официјалниот сајтhttp://finance.gov.mk/files/Predlog%20Budzet%202018_kor.pdf Министерството за финансии очекува вкупен раст на буџетските приливи за 1,95 милијарди денари кои ќе бидат резултат на зголемиот износ на акцизата и ДДВ –то. Од акцизата очекувањето е приходите во буџетот да пораснат за 1,6 милијарди денари, а од ДДВ-то кое ќе порасне како резултатот на основицата на која се пресметува приходот ќе порасне за уште 350 милиони денари. Според планот на министерот Тевдовски централниот буџет идната година ќе акумулира 193,4 милијарди денарии тоа е безмалку 10 милијарди денари повеќе од приходите во ребалансираниот буџет за годинава. Дури 20 отсто од тоа зголемување ќе го платиме преку зголемувањето на акцизата и ДДВ-то за дизел горивото.

Приходите од акциза во буџетот за оваа година се проектирани на ниво од 23,34 милијарди денари. Нивната реализација до крај на септември е 17,125 милијарди денари и тоа е 73,4 отсто од годишниот план. Доколку планот за идната година не се менува по друг основ тогаш само со зголемување на акцизата на дизел горивото во буџетот ќе се слеат 25 милијарди денари.

Ќе смалат 600 милиони денари расходи за стоки, а ќе зголемат 2 милијарди денари за акциза и ДДВ!

Во документот на Министерството на горепосочениот линк пишува дека Владата за идната година ќе потроши помалку 600 милиони денари од тоа што годинава се троши за расходи кои се квалифицирани како помалку продуктивни расходи. 
Вкупните расходи за стоки и услуги се намалуваат идната година за 420 милиони денари што е за 4,2 отсто помалку од тоа ќе биде реализирано до крај на оваа година.

Од достапните јавни податоци на Министерството за финансии се гледа дека вишокот од акциза на дизел и ДДВ ќе го „лапнат“ пензионерите затоа што кај пензиите за идната година е предвидено 2,1 милијарди денари повеќе по основ на законско усогласување што во превод значи услогласување ос стапката на инфлација инфлацијата, правило што сите работодавачи го забораат како обврска спрема своите вработени.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ