МИЛИОНСКА ГЛОБА: Колку долари ќе биде казнет „Фејсбук“ од американските власти?
Објавено во: Економија 25 Април, 2019
Американските власти најавија рекордна глоба од три до пет милиони долари за компанијата „Фејсбук”. Најавата за казна е очекувана поради протекување на лични информации на корисниците на социјалната мрежа.
Минатата недела американската Федерална комисија за трговија започна истрага по обвинувањата за протекување на лични податоци на корисниците на „Фејсбук”.
Гигантот„Фејсбук” веќе издвоил три милиони долари за да ја плати очекуваната казна што ќе ја изрече Комисијата, тврдат извори од компанијата.
„Фејсбук“ има над 2,38 милијарди корисници.