29 Март, 2024
0.0295

Колку милиони евра прави „Жито Лукс“ од продажба за 90 дена?

Објавено во: Економија 18 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Најголемата скопска компанија за 90 дена продава леб, брашно и пецива за повеќе од 4 милиони евра од кои најголем дел се традиционално на пазарот во Скопје и околината. „Жито Лукс“ акционерите ги израдува со раст на приходот од домашни продажби и снижувањето на финансиските расходи. Од друга страна добивката за кварталот е значајно пониска од истата лани, но најважно е да одржува континуитет со позитивни финансиски резултати

Најголемата скопска компанија за продажба на леб, пецива и брашно „Жито Лукс“ за првите три месеци годинава има приход од продажба од 262,2 милиони денари односно околу 4,5 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на оваа компанија.

Според нив продажба на домашен пазар за првите три месеци дома пораснала во однос на лани за 11 милиони денари односно за 5 отсто до износ од 255,4 милиони денари. Учеството на продажбите на странски пазари е занемарливо и изнесува 6,8 милиони денари и во однос на лани е пониско за 23 отсто. Вкупните приходи од продажба на „Жито Лукс“ за овој квартал се 262,2 милиони денари и во споредба со истиот период лани се поголеми за 8 милиони денари. Значајно е да се истакне дека со растот на приходите од продажба се зголемени и трошоците на продадени стоки и тоа за 10 милиони денари. Оперативната добивка на компанијата за првиот квартал изнесува 7,3 милиони денари и во споредба со 2016 година е пониска за 36 отсто.

Финансиските расходи на „Жито Лукс“ и понатаму остануваат предизвик со кој се соочува менаџментот. Факт е дека има благо намалување на расходите за финансирање и тие за првите 90 дена годинава изнесуваат 6,66 милиони денари што е за 24 отсто помалку од расходите што ги имал „Жито Лукс“ за истата намена во истиот период лани. 

Нето добивката на компанијата за првиот квартал е околу 11.000 евра односно 663.000 денари и тоа е за 78 отсто помалку од истиот период лани.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат