Колку набљудувачи ги следат изборите?
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2020
Изборите денеска ќе ги следат над 2.500 акредитирани набљудувачи, најголемиот дел од нив домашни.
Асоцијацијата МОСТ на терен ќе има 1.253 лица и АКСИОС ќе има 803 набљудувачи.
Од странските пак, акредитирани се 158 набљудувачи и преведувачи, а најбројни се тие на амбасадата на САД во земјава со 41 лице и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која изборите ќе ги следи со 26 претставници.
Прелиминарните наоди и заклучоци во врска со изборниот процес ќе ги дадат ден по гласањето односно на 16 јули.
Изборниот процес ќе го следат новинарски екипи од петнаесетина медиуми. Тие добија акредитации од Државната изборна комисија.
Станува збор за екипи на Ал Џезира Балкан, Франс Прес, Ројтерс, Асошиејтед Прес, Гласот на Америка и Германската АРД. Новинари ќе има и од Србија, Косово, Грција, Турција и Албанија.
Денеска 1.814.263 граѓани од 7 часот па до 21 може да гласаат.