28 Март, 2024
0.0254

Како им одеше бизнисот лани на компаниите за осигурување „Сава“ и „Еуроинс осигурување“ ?

Објавено во: Економија 24 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Осигурувањето е перспективен бизнис, но само ако се менува културата на живеење и квалитетот на живот во нашава земја. Низ примерот на „Сава осигурување“ и „Еуроинс осигурување“ се гледа дека 2018 година била добра година за македонските осигурителни компании. Расте пазарното учество, но расте и добивката по оданочување. Сепак стапките, иако е финансиски сектор, се неспоредливо помалку атрактивни од растовите на банкарскиот сектор

Осигурителниот бизнис во земјава има голем потенцијал, но во континуитет бележи мал раст. Едноставно Македонците немаат традиција и не се гради култура да се осигурува имотот освен она што е задолжително, а тоа е автоодговорноста.

Како помина годинава во осигурителниот сектор ќе се обидеме да доловиме низ примерот на две компании кои се солидно позиционирани на домашниот пазар.

„Сава осигурување“ е словенечка реномирана осигурителна компанија која аквизираше домашна компанија активна на домашниот пазар. Лани „Сава осигурување“ имала приходи од нето полисирана премија во износ од 11,42 милиони евра. Бруто полисираната премија на „Сава“ лани на нашиот пазар има раст од 166.700 евра. Вкупните расходи од работењето на компанијата лани изнесуваат 11,77 милиони евра, во споредба со претходната година тие се пониски за 70.000 евра. Најзначајна ставка, очекувано, се исплатите на штети. Бруто исплатените штети лани биле на ниво од 6,18 милиони евра и тие се 860.000 евра пониски од исплатените штети во 2017 година. Износот на бруто плати кои компанијата лани ги исплатила е 1,58 милиони евра и тој е повисок за 23.770 евра од 2017 година.

Нето добивката на „Сава осигурување“ лани е 421.660 евра.

Конкурентот „Евроинс осигурување“ лани остварил добивка по оданочување во износ од 558.000 евра и таа бележи многу голем раст во споредба со претходната година кога била за 342.000 евра помала. Пазарното учество на оваа компанија лани било речиси 11 милиони евра што е бруто полисирана премија. Во однос на 2017 година тоа е повисоко за 1,65 милиони евра. Нето приходите од премија биле 9,5 милиони евра и во споредба со 2017 година тоа пораснале за 1,5 милиони евра. Расходот од работењето лани достигнал 9,85 милиони евра и е 1,13 милиони евра поголем од претходната година. Најголемаа расходна ставка нормално е од дејноста – бруто исплатените штети. Тие се за ниво ов 4,48 милиони евра и се за 480.000 евра повеќе од претходната година. Бруто платите на вработените лани го чинеле „Еуроинс“ 600.000 евра. 



Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?