Колку пари имаат Русите во Швајцарија?
Објавено во: Економија 01 Декември, 2022
Во банките во Швајцарија има 46,1 милијарда франци на руски граѓани или компании.
Швајцарија објави дека во нејзините банки Русите чуваат 46,1 милијарда франци (46,4 милијарди евра). Швајцарија, иако не е членка на Европската Унија(ЕУ), ги поддржа санкциите на ЕУ кон Русија, откако Москва почна инвазија врз Украина во февруари.
Со санкциите, меѓудругото, е забрането примање депозити поголеми од 100.000 франци од руските граѓани и правни лица, компании или организации.
Постојните депозити поголеми од тој износ мора да бидат пријавени во швајцарскиот Државен секретаријат за економски работи до почетокот на јуни. Секретаријатот соопшти дека 123 граѓани и правни лица со банките во Швајцарија оствариле 7.548 „деловни односи“ во вкупна вредност од 46,1 милијарда франци. Уште 294 „деловни односи“ во износ од 400 милиони франци (405,6 милиони евра) се остварени со Белорусија. Оваа земја е близок сојузник на Русија.
ЕУ ги замрзна парите на руските државјани во нивните банки со цел да ги употреби за обнова на Украина. Неколку руски бизнисмени се откажаа од руските државјанства.