18 Април, 2024
0.0270

Колку пари ќе потрошат родителите за да подготват прваче за на училиште?

Објавено во: Економија 22 Август, 2019

Добивај вести на Viber

По пресметка на родителите околу 100 евра ќе им бидат потребни за купување на облека, и училишен прибор за да ги подготват првооделенците за тргнување на училиште.

Во книжарниците веќе има гужви и повеќето родители  купуваат тетратки, ранци, прибор за своите деца.

„Уште не сум седнала да ги ставам сите трошоци на хартија, но планирам да потрошам околу 100 евра за своето дете кое на 1 септември тргнува на училиште, но можеби таа сума ќе биде и малку, ќе видам колку ќе потрошам кога ќе почнам да купувам“, вели мајка на прваче од Куманово.

Од книжарница во Тетово објаснуваат дека за купување на училишен прибор родителите ќе потрошат минимално 1.500 денари. Ова е најевтината варијанта.

„За купување на ранец, тетратки, боици, блок, минимално ќе треба да дадат 1.500 денари, но доколку сакаат поскапи работи, поквалитетен ранец, тогаш сумата ќе изнесува и над 3.000 денари. Луѓето веќе купуваат, се подготвуваат за почетокот на учебната година, имаме полни раце работа. За разлика од претходните години, сега ранците се малку поскапи. Од она што јас го забележав, луѓето не го купуваат најевтиното, туку го купуваат најквалитетното, посебно за ранец затоа што сакаат децата истиот да го носат најмалку една година“, велат од оваа книжарница.

Од прилепска книжарница велат дека засега мал број родители купуваат прибор и ранци, но очекуваат дека во првите 10 дена од септември ќе имаат многу повеќе работа. Според нив, секое семејство со прваче во просек ќе треба да одвои 2.000 денари, за купување на ранец и прибор за на училиште.

„Ако дадат 1.000 денари за ранец, и уште 1.000 за прибор, тоа се 2.000 денари, некоја нормална сума која е неопходно да се потроши, но ако сакаат нешто поскапо и поквалитетно, родителите ќе потрошат и по 5.000 денари само во книжарница, затоа што има ранци кои чинат 3.000 денари. Цените горе – долу се исти со години, нема некои промени, а штом ќе почне учебната година, учениците и родителите откако ќе добијат насоки од наставниците што треба да се набави, доаѓаат и купуваат. Сега не се купуваат книги, така што родителите се поштедени од некој поголем трошок“, објаснуваат од книжарница во Прилеп.

Во прво одделение на 1 септември ќе тргнат децата родени во 2013 година. Претходните години бројката на првачиња беше нешто над 20.000, но оваа година во многу општини бројот на запишани деца е помал од очекуваниот. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија