Колку пари ќе се потрошат за патишта годинава?
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2019
Владата вчера на 114 седница ја усвои информацијата за Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2019-та година.
Според неа, Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе потроши средства за инвестиции во вкупна вредност од над 13 милијарди денари, од кои речиси 3 милијарди се сопствени средства на претпријатието.