Колку пари ќе се потрошат за реконструкција на патишта во 80 општини?

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2019
На 166 -та седница, Владата го утврди Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта.
Со средствата во висина од 70 милиони евра ќе се активира проектот за поврзување на локални патишта во 80 општини во Република Северна Македонија со реализација на градежни активности за рехабилитација, реконструкција и надградба на локални патишта и улици со вкупна должина до 450 километри за подобра безбедност и за социјална вклученост со поврзување на оддалечените и загрозените заедници и со зголемување на достапноста на транспортната мрежа на локално ниво.
Можеби ќе ве интересира
Да се изгради гасно поврзување Струмица – Петрич, бараат македонските и бугарските бизнисмени

Формирање на регионален енергетски пазар преку подобрување на енергетската поврзаност помеѓу Македонија и Бугарија

УТРИНСКИ ФОКУС: Кои прилепски фирми ги прават најголемите пари

Во Пробиштип денес се отвора инвестиција од 15 милиони евра

НОСАТ ЛИ РИЗИК ПОВИСОКИТЕ ПЕНЗИИ: Светска банка предупредува - може да се поткопа одржливоста на пензискиот систем

Заев ја започнува акцијата „600 илјади багреми“ на автопат

Уште пред да влезе во сила, Законот за пазарџии заврши „неславно“
