25 Април, 2024
0.0283

Колку пари ќе собере Кромберг и Шуберт за главната награда на вработените?

Објавено во: Економија 07 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Менаџментот на фабриката „Кромберг и Шуберт“ не требал да вади одобрение од Министерството за финансии за наградната игра која ја организира за вработените, а во која главна награда е половен автомобил од 2004 година. 

Од Министерството за „Фактор“ потврдија дека кога станува збор за приватна фирма која организира ваква лотарија само за вработените не е потребна дозволата за привремено организирање на игри на среќа. Ако во играта учествувале и луѓе кои не се вработени тогаш вадењето на дозволата е законски потребно. Останува впечатокот во јавноста, сепак, за моралниот аспект на организираната лотарија. Со оглед на тоа што во фабриката работат над 6.000 луѓе, а лозот чини 50 денари, во просек од оваа лотарија ќе се соберат близу 5.000 евра. Оваа математика е во случај секој да купи талон, иако има и такви кои не учествуваат, но има вработени кои можат и секако купуваат и по повеќе талончиња. Главна награда е автомобил мини купер од 2004 година кој на пазарот чини најмногу 4.000 евра.

Главната награда, како што веќе објави „Фактор“ ќе се додели во септември.

„Нема ограничување и секој може да купи колку сака „талони“. Некои купуваат неколку и така сметаат дека си ги зголемуваат шансите за добивка.  Никој не сака да му ја препушти шансата на еден мал круг работници да дојде до наградата и повеќето сакаат да бидат во игра, иако јас не учествувам. Извлекувањето ќе биде во септември и добитникот треба да биде објавен на огласната табла - вели за „Фактор“ вработен во германската компанија.

До управата на „Кромберг и Шуберт“ испративме прашање за деталите од оваа „игра“, но од таму, иако ни рекоа дека ќе испратат одговор пред неколку дена, се уште не добивме објаснување.

Иако некои со подбив и скептичност гледаат на тоа, од друга страна, има и такви кои не гледаат ништо необично.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ