25 Април, 2024
0.0269

Колку пари месечно не чинат трите комисии од договорите со Бугарија и Грција?

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Трите комисии кои произлегоа од Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство месечно не чинат нешто повеќе од 20.000 евра, покажуваат исплатите кои одат преку Министерството за надворешни работи на алатката за пребарување „Отворени финансии“.

Се работи за Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, Комисијата за историски прашања со Бугарија и Комисијата за трговски марки со Грција. За последните две имаше и медиумски натпис дека се истечени договорите со МНР и дека треба да се разговара за нови.

Станува збор за 20-ина исплати месечно, од кои повеќето се точно по 1.000 евра, додека двајца координатори имаат месечен хонорар од 74.000 денари. Најстарите месечни исплати на некои од членовите датираат уште од втората половина на 2018, односно до сега станува збор за 30-тина хонорари.

Трите комисии повремено, најчесто поради субјективни причини, го менуваат својот состав, па така минатата недела, по три години работа, се повлече историчарот Ванчо Ѓорѓиев од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Од македонската страна на комисијата соопштија дека се затекнати од ваквиот потег на Ѓорѓиев и дека предлозите кои нему не му се допаднале не го нарушуваат македонскиот идентитет, национални интереси и црвени линии усвоени во Собранието.

На платениот список на Министерството за надворешни работи е и поранешниот премиер Владо Бучковски, кој како именуван специјален претставник за Бугарија има месечен хонорар од 60.000 денари, покажува алатката „Отворени финансии“ и тој годинава веќе има десет исплати.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?