16 Април, 2024
0.0287

Колку пари платиле родителите принудно за оштетени учебници

Објавено во: Економија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Родителите на учениците од основните и средните училишта платиле 53.000 евра како надомест за оштетени учебници во текот на 2017-та година, покажува завршната сметка за минатата година на Министерството за образование и наука, а потпишано од претходната раководителка на овој ресор, Рената Дескоска.

Ако се знае дека во Македонија има 11.000 паралелки во основните и 3.500 паралелки во средните училишта, или вкупно 14.500 паралелки, тоа во просек значи дека еден клас направил штета од 3,65 евра по учебниците. 

Може да се заклучи дека станува збор за мошне мала сума во однос на цената во милиони евра која МОН секоја година им ја плаќа на издавачките куќи да изработат и достават нови бесплатни учебници до училиштата.

Од МОН велат дека ценовникот за тековната учебна година за плаќање за секој оштетен или загубен учебник посебно, за кој уплатата е 70 отсто од пазарната вредност, ќе се изработи во текот на април.

- Секторот го изработува ценовникот за надомест на оштетени учебници секогаш во април или мај за секоја година посебно. Тоа е така затоа што во тој период од годината се утврдува дали некој учебник е оштетен или не, сега е рано за тоа. Инаку, доколку издавачките куќи го имаат веќе во редовна продажба учебникот, секој поединец може да си купи таков нов и со тој да го замени стариот, додколку не сака да го плаќа како оштетен - велат од МОН.

Според стариот ценовник објавен за 2017/2018, надоместокот за оштетени учебници во основно образование во зависност од преметите се движи од 40 до 100 денари, во средните стручни училишта од 100 до 200 денари, а во гимназиите од околу 200 до 400 денари.

Според Правилникот, Ученикот по завршувањето на наставната година треба, најдоцна до крајот на месец јуни во тековната учебна година, да го врати комплетот на учебници неоштетен на одделенскиот, односно раководителот на паралелката. Одделенскиот раководител внесува податоци за родителите кои ги вратиле учебниците, податоци за вратените учебници (наслов на учебник, автор), состојба во која се вратени учебниците (употребливи, оштетени). Библиотекарот во електронската евиденција внесува податоци за учебниците кои се вратени за користење за наредните учебни години и за учебниците кои се оштетени и неупотребливи. За оштетениот учебник се издава уплатница на име на буџетски корисник која треба родителот да ја прикаже како доказ дека трансакцијата е извршена.

Министерот Арбер Адеми пред почетокот на школската година најави дека за 2018/2019 учебниците ќе бидат поевтини во однос на минатата година.

„Оваа година при преговорите со издавачките куќи, постигната е откупна цена која е за 40% пониска во однос на минатите години”, соопшти тогаш од МОН.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?