28 Март, 2024
0.0265

Колку пари вртат адвокатите кои бранат обвинети од СЈО?

Објавено во: Економија 15 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Познати, искусни, млади, амбициозни ... сите адвокати и сите здружени против СЈО во одбрана на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во судски случаи кои се во фокус на домашната јавност. Колку пари лани свртеле и колку заработиле адвокатите од „Апостолски“, „Интер Партес“, „Давидовиќ и Јанковиќ“, Боро Тасевски, Дукоски и Сања Алексиќ? Ќе се справат ли со тешката артилерија на СЈО кој има тројно поголем буџет од сите нив заедно?

Кривичните судски  процеси кои СЈО ги води против поранешниот врвен естаблишмент на ВМРО-ДПМНЕ се во фокусот на јавноста подолго време, а и ќе останат во центарот на јавното интересирање уште долго време. „Фактор“ во својата мисија да биде објективен, уникатен, различен и да отвори нови аспекти и агли на гледање направи обид да ги спореди финансиски двете спротивставени страни кои ги кршат копјата во судницата и прават шоу за македонската јавност.

На една страна се бранителите: три адвокатски друштва и уште тројца адвокати кои бранат обвинети во случаите: „Тенк“, „ТНТ“, „Труст“, „Титаник“ и застапуваат обвинети во насилното влегување во републичкото Собрание на 27 април лани. Од достапните податоци во Централниот регистар на Македонија ги обезбедивме приходите и добивките остварени во 2017 година за адвокатските друштва:„Интер Партес“, „Апостолски“ и „Давидовиќ и Јанковиќ“ како и адвокатите Сања Алексиќ, Сашо Дукоски и Боро Тасевски.  Сите овие бранители ангажирани на горенаведените предмети лани имале приход за цела година работење кој како агрегат е понизок од 800.000 евра. Наспроти нив е СЈО кој за своето работење реализирал буџет од 2,62 милиони евра.

Тешкаши меѓу адвокатите бранители се адвокатските друштва „Интер Партес“ и „Апостолски“. Првонадената фирма лани имала приходи од работењето во износ од 362.200 евра, а остварила добивка од 161.500 евра. Тоа адвокатско друштво ангажира 12 вработени лица лани. Најекспониран претставник на „Интер Партес“ е адвокатот Димитар Дангов, кој е косопственик на адвокатското друштво, и беше активно ангажиран во случајот „Титаник“. Адвокатското друштво „Апостолски“ лани остварило приход од 215.800 евра, а остварило добивка од 50.600 евра. Ова друштво ангажирало лани 13 вработени лица. „Апостолски“ го застапува Сашо Мијалков за кого пред две недели судот одреди мерка притвор. Третото адвокатско друштво е „Давидовиќ и Јанковиќ“ чиј косопственик Ѕвонко Давидовиќ од жесток критичар на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и на првите луѓе на таа партија, а беше ангажиран како бранител на обвинети во насилството во Собранието. Ова адвокатско друштво лани остварило приход од 56.200 евра, а реализирало нето приход пред оданочување од 2.240 евра, друштвото вработува 5 лица. Од ангажираните адвокати медиуски поистакнати во овие судски случаи беа: Боро Тасевски, Сашо Дукоски и Сања Алексиќ. Најголем приход меѓу нив лани остварил Боро Тасевски и тоа 74.300 евра, а нето приходот пред оданочување лани бил 42.800 евра. Сашо Дукоски лани имал нето приход пред оданочување во висина од 25.000 евра од остварен од приходот од 36.200 евра лани. Сања Алексиќ, е млада и амбициозна адвокатка која застапуваше обвинети во предметите „Труст“, „Тенк“ и „Титаник“. Лани нејзиниот приход бил 16.300 евра, а од тоа 10.000 евра се нето приход пред оданочување.

Колку чини работата на СЈО?

Наспроти нив е финансиски гледано многу помоќен, а и многу поброен противник. СЈО лани реализиран буџет од 2,62 милиони евра, што е ниво на реализација од 70,7 отсто, официјален податок од Извештајот на СЈО достапен на нивната веб страница. За годинава СЈО проектирал буџет од 3,72 милиони евра, а реализација до 15 септември е 2,135 милиони евра, пишува во нивниот најнов извештај за работењето достапен на нивната веб страница.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“