20 Април, 2024
0.0266

Колку пари вртат најголемите млекарници?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Големите четири македонски компании за преработка на млеко и производство на млечни продукти лани имаат приходи што надминаа 70 милиони евра. Убедливо најголем учесник на нашиот пазар останува да биде Млекара Битола со приход од 38,5 милиони евра и профит од 2,22 милиони евра

Најголемите четири македонски млекарници лани направиле приходи кои надминуваат 70 милиони евра и тие се за нијанса повисоки од 2017 година, покажуваат официјални податоци достапни во базата на податоци на ЦРМ. Повеќе од половина од приходите на четирите најголеми млекарници ги прави најголемата домашна млекарница (поседувана од странски лица н.з.) тоа е „Млекара Битола“.

Оваа компанија лани има вкупни приходи во износ од 38,5 милиони евра и тие се за 1,5 отсто повисоки од претходната година. Оваа компанија која лани држи 55 отсто од целата продажба на најголемите четири домашни млекарници. Профитот на оваа компанија лани изнесува 2,22 милиони евра и тој е за 44 отсто повисок од 2017 година.   

Вториот најголем производител и млеко на млечни производи „Здравје Радово“ има вкупни приходи од 19,5 милиони евра и тие се за 19 отсто пониски во споредба со 2017 година. Компанијата е во загуба од 2,9 милиони евра и таа е 4 пати повисока од загубата во 2017 година.

Трет на листата е производниот капацитет на „Бучен Козјак“ од Куманово. Нивните приходи лани се 6,88 милиони евра и тие се повисоки за 15 отсто во споредба со 2017 година. Нивниот профит лани е 0,47 милиони евра и добивката е за 31 отсто повисока во однос на претходната година.

Во големата четворка е и турската аквизиција „Суташ Македонија“. Оваа компанија лани имаше вкупен приход од 5,3 милиони евра и тој е 39 отсто повисок од претходната година. Профитот на компанијата лани е зголемен за 71 отсто во однос на 2017 година и изнесува 4,4 милиони евра.

Според официјалните податоци за лани млекопреработувачите лани откупиле 106.000 хектолитри млеко во вредност од 50 милиони евра. Лани македонските фирми извезле 5,6 милиони тони млеко и млечни производи вредни 11 милиони евра, а во истиот период на нашиот пазар се увезени 36,4 милиони тони производи вредни 50,33 милиони долари.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?