17 Јули, 2025
0.0346

Колку пари заработи лани газдата на „Тајм.мк“? Агрегаторот на вести попрофитабилен дури и од банка!

Објавено во: Економија 27 Мај, 2025 14:54

Добивај вести на Viber

Газдата на агрегаторот „Тајм.мк“ за три години профитирал 728.500 евра. Парите ги прави со фирма што има само тројца вработени, а дејноста е да реобјавува вести кои ги креираат новинари и ги објавуваат информативните портали во земјава кои ги плаќаат новинарите. Дали ова беше лајт мотивот на повеќе од 40 сопственици на портали да побараат „Тајм.мк“ да престане да ги објавува нивните вести без плаќање. Години наназад „Тајм.мк“ објавува вести кои не ги продуцира туку само ги превзема од портали и тоа го прави, во многу случаи, без да плати ниту денар!!! Но затоа пак од реклами „Тајм.мк“ за три години наплатил 1,1 милиони евра

Најчитаниот агрегатор на вести „Тајм.мк“ лани, превземајќи и реобјавувајќи вести кои ги креираат новинари на македонски портали, остварил приход од 426.000 евра. При тоа лани нето добивката на агрегаторот на вести „Тајм.мк“ изнесува 303.500 евра и е за 37 отсто повисока во споредба со 2023 година, покажуваат официјалните податоци достапни во базата на ЦРМ.

За период од три години агрегаторот „Тајм.мк“ инкасирал речиси 1,1 милиони евра. Анализата на податоците и соодносот приход и профит покажува дека се работи за високо профитабилна компанија. Затоа што лани профитот во приходот учествувал со 71 отсто, во 2023 година од приходот како добивка на газдата Игор Трајковски му останале 64 отсто, а во 2022 година профитот е 67 отсто од приходите.

Интересно е и структурата на расходите на друштвото „Тајм – Борг“ ДООЕЛ Скопје. Најмногу пари лани биле потрошени на плати за тројцата вработени односно 48.600 евра. За данок на добивка друштвото платило 34.200 евра лани. За останати деловни трошоци се потрошени 28.500 евра уште 8.000 евра за амортизација. Сума сумарум трошоците на издавачот лани изнесувале околу 120.000 евра.

Според достапни податоци сопственикот лани си наплатил дивиденда во износ од 221.800 евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

И ОВА ГО ИМА ВО СРБИЈА: Куќа од 120 квадратни метри се продава за 25.000 евра

И ОВА ГО ИМА ВО СРБИЈА: Куќа од 120 квадратни метри се продава за 25.000 евра

Зошто поскапува железната руда?

Зошто поскапува железната руда?

ФАЛАТ ПРОДАВАЧИ, ЕДУКАТОРИ, СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ: Германија ќе треба да пополни над 700.000 работни места

ФАЛАТ ПРОДАВАЧИ, ЕДУКАТОРИ, СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ: Германија ќе треба да пополни над 700.000 работни места

ПЛАТИТЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ: ССМ објави колкав процент од граѓаните не можат да си дозволат еднонеделен одмор

ПЛАТИТЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ: ССМ објави колкав процент од граѓаните не можат да си дозволат еднонеделен одмор

Главниот преговарач на ЕУ лета за Вашингтон: „Царините на Трамп би нè чинеле 4,4 милијарди долари - дневно“

Главниот преговарач на ЕУ лета за Вашингтон: „Царините на Трамп би нè чинеле 4,4 милијарди долари - дневно“

Бугарија и Македонија заеднички ќе бараат финансирање на прекуграничниот железнички тунел

Бугарија и Македонија заеднички ќе бараат финансирање на прекуграничниот железнички тунел

КАКО БЕЗ ВЛАДИНИТЕ СУБВЕНЦИИ?! На Тесла ѝ се заканува загуба од милијарди долари и стрмен пад на акциите

КАКО БЕЗ ВЛАДИНИТЕ СУБВЕНЦИИ?! На Тесла ѝ се заканува загуба од милијарди долари и стрмен пад на акциите

Најмоќниот банкар штотуку го предупреди Доналд Трамп: „Не се мешај во работата на ФЕД“

Најмоќниот банкар штотуку го предупреди Доналд Трамп: „Не се мешај во работата на ФЕД“

Собранието ќе потроши над 52 илјади евра за хотелско сместување низ Македонија

Собранието ќе потроши над 52 илјади евра за хотелско сместување низ Македонија