КОЛКУ ПОРАСНАА ПЛАТИТЕ НА ДОКТОРИТЕ И СЕСТРИТЕ - Филипче ги кажа бројките
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2020
Се повеќе се исплати да се работи во здравствениот сектор.
Изминатите години силно инвестиравме во нашиот кадар, напиша на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
„Токму здравствените работници се столб на здравствениот систем - луѓето кои овозможуваат грижа и нега за сите граѓани. Го вративме нивното достоинство, ги покачивме платите и им овозможивме подобри услови за работа“, пишува министерот.
Тој ги наведе и платите што ги земаат медицинските работници.
Докторите специјалисти сега земаат 111.377 денари бруто плата
Наставниот кадар - 122.810 денари
Докторите на медицина - 58.991 денари
Медицинските сестри со висока стручна спрема - 50.376 денари, а медицинските сестри со средна стручна спрема 38.182 денари.