24 Април, 2024
0.0257

Колку се „офајдил“ Младеновски од директорувањето за пет месеци во „Макошпед“?

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Над 30.000 евра плата за неполни шест месеци директорување и уште 67.000 евра надоместоци по основ на менаџерски договор добил Коста Младеновски, долгогодишен прв човек на „Макошпед“, пишува во годишниот извештај за лани на таа шпедитерска куќа. Неговата наследничка Каранфиловиќ за пола година директорување има менаџерска плата од 11.000 евра

Коста Младеновски за неполни шест месеци директорување во „Макошпед“ лани добил плата од 30.000 евра односно 1,89 милиони денари, а по престанувањето на функцијата извршен директор во мај лани по основ на останати надоместоци по менаџерски договор исплатени му се уште 4,12 милиони денари односно 66.700 евра, покажуваат податоците од годишниот извештај на актуелната директорка на „Макошпед“ Марија Каранфиловиќ за работењето на оваа шпедитерска компанија лани.

Младеновски, долгогодишен директор на „Макошпед“, лани во периодот од почетокот на годината до 20 мај ја водел оваа шпедитерска куќа. Со одлука на акционерското собрание на „Макошпед“ лани на 20 мај е констирано дека на Младеновски како извршен член на Одборот на директори му престанал мандатот заради истек на 4 години и на негово место доаѓа Марија Каранфиловиќ. Младеновски е единствениот од старата постава членови на Одборот на директори на „Макошпед“ кој добива нов мандат на член на Одборот на директори на друштвото заедно со новоназначените: Марија Каранфиловиќ, Никола Лазаров и Јасмина Цветаноска.  На својата прва седница Одборот на директори на „Макошпед“ на 22 мај 2017 година ја назначува Марија Каранфиловиќ за нов извршен член на Одборот со што таа станува и извршен директор односно генерален директор на друштвото.

Во периодот од 22 мај до крајот на годината Каранфиловиќ за својата работа по основ на менаџерскиот договор добила вкупно 670.408 денари односно околу 11.000 евра за нешто повеќе од 6 месеци работа. Неизвршните членови на Одборот на директори на „Макошпед“ за 2017 година поделиле вкупно 336.681 денар по основ месечен паушал за вршење функција неизвршни членови на Одборот на директори. 

Коста Младеновски дава оставка на позицијата неизврше член на Одборот на директори на 30 јануари оваа година и на неговото место доаѓа Лидија Трајковиќ (директор на брокерската куќа „Фершпед брокер“) која е назначена за претседател на Одборот на директори.

Повеќе за „Макошпед“ од архивата на „Фактор“  https://faktor.mk/search?page=2&q=%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D1%88%D0%BF%D0%B5%D0%B4

И https://faktor.mk/search?page=3&q=%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D1%88%D0%BF%D0%B5%D0%B4

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП