24 Април, 2024
0.0258

КОЛКУ СИЛНО ЌЕ УДРИ КОРОНА - туризмот брои штети, кожарите во грч, за власта е рано да се зборува за последици

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Колку силно коронавирусот ќе удри врз домашната економија, засега никој не сака да прогнозира. Дел од бизнисот, особено туристичката дејност, веќе почна да брои штети, а дел како што е кожарската и чевларската индустрија, во грч ги следат состојбите.

Туризмот веќе почна да ги книжи загубите. Аранжманите за 8 Март за Италија се откажани, а поради паника има обиди за откажување и на аранжманите за другите региони. Од Стопанската комора за туризам велат дека туристичките компании веќе трпат штети, па апелираа дека во моментот не е потребна паника, туку конкретни акции. Ги прозваа и надлежните министерства зошто не им даваат конкретни насоки како да постапуваат во вакви ситуации. Побараа од Министерството за транспорт и врски, заедно со авиокомпанијата „Визер“ да заземат став за пролонгирање или рефундирање на уплатените средства за авионски карти за Италија, со цел да се обештетат патниците.

Она што е најголем проблем за комората, е што нивните партнери од Рим не сакале да им ги вратат веќе уплатените средства за хотелско сместување, што значи дека тоа ќе падне на товар на самите агенции. „Само за северна Италија имаме поврат на средства. Бараме барем ‚Визер' да ни излезе во пресрет, бидејќи зема субвенции од државата. Двете опции се на маса“, рече Емил Димитровски, претседател на комората.

Наводно, веќе се откажувале и аранжмани и за земји каде што воопшто нема заразени од коронавирус.

А загрижувачки најави стигнаа и од кожарската индустрија. Доколку се искомплицира ситуацијата со коронавирусот во Италија, може да замре таа индустрија во кумановско, изјави деновиве претседателот на здружението на текстилна и кожарска индустрија Ангел Димитров

„Најголемиот дел од компаниите работат за италијански партнери и се под закана дека нема да можат да обезбедат суровини и да ги пласираат своите производи, ако се влоши состојбата со коронавирусот во Италија. Тоа ќе биде повод за затворање на повеќето компании“, изјви Димитров.

ЌЕ ПАТИ И СВЕТСКОТО СТОПАНСТВО, НЕ САМО МАКЕДОНСКОТО

И странските компании што работат во земјава се свесни дека коронавирусот е глобална криза и тоа нема да предизвика застој само во Северна Македонија, туку во стопанството во целиот свет. Директорот на Делегацијата на германското стопанство во државава, Патрик Мартенс смета дека во овој период е особено важно да останеме со студени глави.

„Да, ќе има делумно влијание на стопанството во Македонија. Но, сметам дека македонското стопанството во брз и краток рок ќе успее да се опорави од тоа. Поголемиот проблем со кој се соочуваме моментно во земјата е недостигот на стручен работен кадар“, изјави вчера Мартенс за новинарите.

А по информацијата за привиот случај на корона во земјава видно паднаа и акциите на компаниите кои котираат на Македонската берза. Вчера немаше ниту една акција која забележа раст, и тоа беше трет ден по ред како компаниите губеа од вредноста. 

Министерката за финансии Нина Ангеловска, пак, неодамна изјави дека се уште е рано да се зборува за последиците на нашата економија од коронавирусот. „Од економската гледна точка е рано да се прават какви било предвидувања, а овие состојби ја следат и глобалната економија, со цел да се преземат и одредени активности“, изјави вчера Ангеловска.

А вчера европските пазари паднаа за околу 3 отсто на крајот на денот, додека главните индекси во Њујорк беа пониски за 2 проценти на почетокот на тргувањето. За една недела индексот „Стандард и Пурс 500“ се намали за околу 10 отсто. Слично, индексот „Дау Џоунс“ на 30 клучни американски акции, падна за речиси 11 проценти.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи