23 Април, 2024
0.0288

Колку вреди бизнисот со државни учебници?

Објавено во: Економија 12 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

За учебници за основно и за средно образование државата од 2016 година до сега преку Министерството за образование платила повеќе од 16 милиони евра. Тендерите, според јавни достапни податоци, за основно образование и делумно за средно образование ги добиле две фирми. Едната е од Скопје, а другата од Тетово...

Две компании, осум тендери во три години. Вкупно државата преку Министерството за образование платила 16 милиони евра за учебници и дополнителен дидактички и работен материјал, покажуваат официјални податоци од тендери објавени во 2016 година, 2017 година и годинава.

Двете компании кои како најповолни понудувачи ги добиваат тендерите за учебници за основно образование годинава и лани, а и за основно и за средно образование во 2016 година се: скопската компанија „Арс Ламина“ и тетовската фирма „Арбериа Десигн“. И двете компании имаат позавидна листа на добиени јавни набавки од различни државни инстанци во периодот од 2016 година до 2018 година. А во овие три години и двете компании се добитници на тендерите за учебници.

Кој колкави бизниси добил?

Министерството за образование во 2016 година по добиени тендери склучило договори за учебници во основно и во средно образование со двете компании. Тендерот таа година бил за набавка на учебници за основно и за средно образование. Во идните две години се применува различна пракса затоа што се прават одвоени набавки за основно образование и за средно образование. Во 2016 година „Арс Ламина“ го добива тендерот за 3,91 милиони евра, а „Арбериа Десигн“ за 2,67 милиони евра. Таа година двата тендери ја чинат државата 5,32 милиони евра. Лани тендерот за учебници за основно образование и дополнителни материјали го добиваат истите комапнии. „Арс Ламина“ склучува договор вреден 2,03 милиони евра, а „Арбериа Десигн“ го добива бизнисот за 1,65 милиони евра. „Арс Ламина“ лани го добива и тендерот за учебници за средно образование во вредност од 425.700 евра. За оваа година за претстојната учебна сезона повторно добиваат овие две компании за учебници и додатен материјал за основно образование. „Арс Ламина“ склучува договор на 2,9 милиони евра, а „Арбериа Десигн“ склучува договор за 2,42 милиони евра. Дополнително „Арс Ламина“ има договор и за учебници за средно образование вреден 106.250 евра.

Вкупно во три години за четири тендери „Арс Ламина“ од државата добива договори вредни 9,26 милиони евра, а „Арбериа Десигн“ склучува три договори за учебници за основно и за средно образование во вредност од 6,74 милиони евра. Бизнисот на двете компании со Министерството за образование од 2016 година до сега по основ набавка на учебници за основно и за средно образование е 16 милиони евра.

Од јавната база на податоци од тендери на Министерството за образование може да се види, во кластерот за 2016 година, дека двете компании во повеќе наврати добивале тендери за превод со откуп на авторски права, редактура, лектура и печатење на учебници и за високо образование. „Арбериа Десигн“ е добитник на 25 тендери во вредност (според базата достапна преку агрегаторот time.mk) која надминува 1,4 милиони евра. За истата работа „Арс Ламина“ според истиот извор на податоци има склучено 23 договори во вредност што надминува 1,3 милиони евра. 


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари