29 Март, 2024
0.0259

Колку заработи лани Свето „Пивара“?

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Колку заработи лани Свето „Пивара“?

Еден од најуспешните македонски стопанственици – човекот што од Пивара Скопје направи светска компанија, а сега прави регионален лидер од македонскиот вински бренд „Тиквеш“ за пример на сите ги објави податоците за неговите лични примања лани. Претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, каде работи про-боно, лани имал вкупни бруто примања од 82.750 евра

Светозар Јаневски, еден од најуспешните менаџери во земјава, и ко-сопственик во друштвото „М-6“ кое е најголем акционер во најголемата македонска винарска визба „Тиквеш“ лани има бруто пирмања од 82.750 евра по основ на плата, надоместоци од плата, надоместоци за членство, бонус, осигурувања и други права, наведено е во годишниот извештај за 2017 година на винарската визба „Тиквеш“. Јаневски е претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“ и таа функција ја обавува про-боно односно бесплатно. Потегот на Јаневски е за поздравување затоа што ретко кој од успешните македонски бизнисмени ги објавува податоците за своите годишни примања. Иако Законот за трговски друштва предвидува примањата на менаџментотна бидат јавни. Особено вешти се банкарите кои избегнуваат да ги објавуваат своите примања (со чест на еден исклучок) и ја користат формулацијата „примања и награди на раководниот кадар). За жал ниту еден државен орган во земјава нема дефинирано право да постапува и да им наложи на менаџерите транспарентно и поединечно да ги објават своите приходи.

Потегот на Јаневски е за поздравување затоа што во секоја современо општество базирано на пазарна економија заработката на менаџерот е најголемо признание за неговиот успех и добро завршена работа.

Како работи „Тиквеш“?

„Тиквеш“ е убедливо најголем продавач на македонско флаширано вино во земјава и во странство. Лани неговата продажба достигна 20 милиони евра и тоа се над 104.000 хектолитри вино флаширано вино. Во продажбата на „Тиквеш“ и речиси подеднакво важни се домашниот и странските пазари. На домашниот пазар компанијата продала 51.462 хектолитри и остварила приходи од 13,66 милиони евра од кои над 10 милиони евра се од продажба на флаширано вино. Продажбата на флаширани продукти на домашниот пазар бележи раст од 8 отсто во споредба со 2016 година.

Извезени се 60.844 хектолитри флаширано вино и од тоа се инкасирани 9,6 милиони евра и тука има раст на приходите од 19 отсто во однос на 2016 година за разлика од домашниот пазар на кој приходот пораснал за 8 отсто.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка