29 Март, 2024
0.0264

Колку заработија тие кои во 2009 вложиле 100 долари во биткоини

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Вредноста на биткоин руши рекорди во последната недела, а во четврткот го достигна максимумот надминувајќи го нивото од 48.000 американски долари.

И покрај тоа што вложувањето во биткоини се сметаше за доста ризично и криптовалутата беше нестабилна, оние кои го чуваа долгорочно остварија неверојатни придобивки.

На пример, ако инвестиравте во биткоин тогаш кога беше лансиран за прв пат во 2009 година, вашите приноси сега ќе беа милиони или милијарди, бидејќи почетната вредност на средството беше 0 долари.

„Сигурно е инвестиција со најдобри перформанси во последната деценија“, рече Даниел Полотски, извршен директор на CoinFlip, една од најголемите компании за банкомати во САД.

Ако купевте биткоин малку подоцна и го чувавте низ сите подеми и падови, сепак ќе имавте извонредни приноси од почетната инвестиција

Според пресметките ако некој купил биткон кога беше 10 центи, околу октомври 2010 година и ако инвестираше 100 долари тогаш сте купиле 1.000 биткоини.

На својот историски четврток, тие 1.000 биткоини би вределе повеќе од 48 милиони долари, објаснува Полотски.

Од Централната банка на земјава предупредуваат дека во глобални рамки не постои регулатива за крипто-средствата, што важи и за биткоинот, како и дека граѓаните од земјава што планираат да инвестираат во биткоини треба да знаат дека тоа носи голем ризик, како и дека неговата вредност не е гарантирана од некоја централна банка.

„Во глобални рамки, тековно речиси не постои регулатива која го регулира издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средства, иако потребата за регулирање станува сѐ поочигледна. Исто и во нашата земја, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средства не е регулирано. Тековно, Народната банка не подготвува одделна регулатива, но се прават анализи и се следат сите глобално актуелни прашања за крипто-средствата, следејќи ги практиките и на централните банки од ЕУ“, објаснуваат од НБМ.

Нагласуваат дека вложувањата во крипто-средства по правило носат висок ризик за лицата што вложуваат во нив, што во голема мерка произлегува од високата волатилност на нивната вредност, а која што е значително повисока споредено со волатилноста, односно со распонот и брзината на движењето на цените на други, финансиски и нефинансиски средства.

„За краток временски период се можни значителни промени во пазарната цена на крипто-средствата, и тоа како во нагорна, така и во надолна насока. Лицата кои би вложувале во крипто-средство треба да бидат свесни дека вредноста на истото може да биде и нула. Тие треба да имаат предвид дека крипто-средството не е издадено, ниту пак неговата вредност е  гарантирана од некоја централна банка“, објаснуваат за Фактор монетарните власти во земјава.



Можеби ќе ве интересира

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“