20 Март, 2023
0.0213

Колку заработил лани Ванчо Чифлиганец?

Објавено во: Финансии 15 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Чифлиганец е јавна личност со долгогодишно искуство во бизнисот и политиката. Основач и сопственик е на една од најголемите македонски градежни компании „Адора Инжинеринг“ која е најголем поединечен акционер во „Комерцијална банка“ поради што и Чифлиганец е член на Надзорниот одбор на банката. Според официјалните податоци од годишниот извештај на банката Чифлиганец лани приходувал 24.400 евра

Еден од најголемите градежници во земјава, сопственик на „Адора Инженеринг“, поранешен пратеник на СДСМ и некогашен долгогодишен директор на единствениот македонски рудник за бакар „Бучим“ лани имал приход од 24.400 евра!

Ова е официјален податок за годишните примања на Ванчо Чифлиганец, кој воедно е и член на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“ и е достапен во годишниот извештај за работењето на оваа банка.

Според извештајот во делот на примањата на членовите на Надзорниот одбор кај податоците за материјалните надоместоци и други права од договори за работа кај Чифлиганец е наведен бруто износ од 1,5 милиони денари (24.390 евра).

Со оглед на тоа што Чифлиганец на крајот на декември лани исполнил услови за старосна пензија (со вклучено продолжување до полни 67 години) не може да се даде прецизна проценка за тоа колкав дел од неговите приходи се од плата, а колку од пензија.  

Ванчо Чифлиганец има политичка , но особено импресивна бизнис кариера. По пофесија е геолог кој дипломира, магистрира и докторира на државниот рударски факултет во Штип. Долги години од својата кариера работи во „Бучим“, а потоа започнува сопствен градежен бизнис и основа семејната фирма „Адора инженеринг“. Неговата семејна компанија за градежништво е специјализирана за изградба на објекти за колективно домување (популарно познати како станбени згради).

Чифлиганец влегува во Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“ во 2018 година кога неговата компанија започнува да купува акции во таа банка. „Адора инженеринг“ заедно со придружените друштва сега во „Комерцијална банка“ контролира 15 отсто од акциите со право на глас. Тоа ја прави најголем поединечен акционер.

За своето присуство на седниците на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“ Чифлиганец добива месечен надоместок во висина на просечна исплатена нето плата на вработен во „Комерцијална банка“.
Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ - швајцарската Влада и централна банка досега за УБС и Кредит Свис обезбедија 260 милијарди франци

ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ - швајцарската Влада и централна банка досега за УБС и Кредит Свис обезбедија 260 милијарди франци

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА ФИСКАЛНИ, ОСОБЕНО ЗА ПОБОГАТИТЕ - прагот за поврат преку МојДДВ се зголемува на 2.100 денари

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА ФИСКАЛНИ, ОСОБЕНО ЗА ПОБОГАТИТЕ - прагот за поврат преку МојДДВ се зголемува на 2.100 денари

ЊУЈОРШКА БАНКА ГО КУПУВА ГЛАВНИОТ ДЕЛ НА SIGNATURE BANKI - сумата изнесува 2,7 милијарди долари

ЊУЈОРШКА БАНКА ГО КУПУВА ГЛАВНИОТ ДЕЛ НА SIGNATURE BANKI - сумата изнесува 2,7 милијарди долари

ИТЕН СОСТАНОК ВО ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - се собираат членовите на Надзорниот одбор, тема се потресите на пазарите

ИТЕН СОСТАНОК ВО ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - се собираат членовите на Надзорниот одбор, тема се потресите на пазарите

СЕ ЈАВИ ТРИФУН КОСТОВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ГАЗДА: Зградата на бившата Еуростандард банка не смее да биде подолу од 12 милиони евра

СЕ ЈАВИ ТРИФУН КОСТОВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ГАЗДА: Зградата на бившата Еуростандард банка не смее да биде подолу од 12 милиони евра

ПАНТЕЛЕОН ГС ЈА КУПУВА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА? Понудивме 5,37 милиони евра - се очекува одобрување од Собранието на доверители

ПАНТЕЛЕОН ГС ЈА КУПУВА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА? Понудивме 5,37 милиони евра - се очекува одобрување од Собранието на доверители

ПАРИТЕ НА НАШИТЕ БАНКИ СЕ ГЛАВНО ДОМА, БЕЗБЕДНИ СЕ ЦЕЛОСНО ОД ПОТРЕСИТЕ НАДВОР - гувернерката Ангеловска-Бежоска за Фактор

ПАРИТЕ НА НАШИТЕ БАНКИ СЕ ГЛАВНО ДОМА, БЕЗБЕДНИ СЕ ЦЕЛОСНО ОД ПОТРЕСИТЕ НАДВОР - гувернерката Ангеловска-Бежоска за Фактор

КОЛКУ СЕ ГОЛЕМИ И МОЌНИ НАШИТЕ БАНКИ, ФАКТОР СО НАЈНОВИ БРОЈКИ - еве ја активата, НБМ вели „Пропаста на СВБ ништо не им може“

КОЛКУ СЕ ГОЛЕМИ И МОЌНИ НАШИТЕ БАНКИ, ФАКТОР СО НАЈНОВИ БРОЈКИ - еве ја активата, НБМ вели „Пропаста на СВБ ништо не им може“

ГРЧКАТА НБГ ГИ НАДМИНА СИТЕ ОЧЕКУВАЊА - лани оствари основна оперативна добивка од 700 милиони евра, раст за дури 57 отсто

ГРЧКАТА НБГ ГИ НАДМИНА СИТЕ ОЧЕКУВАЊА - лани оствари основна оперативна добивка од 700 милиони евра, раст за дури 57 отсто