20 Април, 2024
0.0266

Колку заработуваат најплатените нотари во Македонија?

Објавено во: Економија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Најуспешните петмина нотари лани оствариле оперативни добивки од 171.000 евра до 332.000 евра. Бројките се фантастични особено ако се знае дека станува збор за друштва кои вработуваат меѓу 7 и 11 лица. Но има и појако. Оргазмични се нивните профитни маргини (учество на неоданочена добивка во приход) и тие изнесуваат од 51 отсто до 76 отсто!!!

Заверките во нотарските книги лани на нотарите во земјава им донеле приходи од 18,3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на Централниот регистар на Македонија. Оваа услужна дејност лани вработувала 792 лица, а просечната месечна плата изнесува 19.673 денари.  

Најголема оперативна добивка лани оствари нотарската канцеларија на нотарот Зафир Хаџи-Зафиров. Приходот на оваа канцеларија лани изнесува 647.000 евра, а нето неоданочената добивка е 332.300 евра (нето приход пред оданочување според терминологијата на ЦРМ н.з.). Попластично кажано пред оданочување овој нотариус има профитна маргина од 51 отсто. Оваа канцеларија лани вработувала 11 лица, а просечната плата е 32.996 денари.

Познатата скопска нотарка Анета Петровска Алексова е втора на ранг листата на петте најпрофитабилни нотари. Нејзиниот приход лани изнесувал 642.100 евра, а оперативната добивка е 264.400 евра и тоа е 41 отсто од приходот. Но затоа пак вработените на Петровска веројатно се позадоволни од тие на Хаџи-Зафиров затоа што просечната плата е 55.748 денари. Канцеларијата лани вработувала 9 лица.

Следен на листата е нотарот Џеват Бучи. Неговата канцеларија лани има приход од 422.400 евра, а добивката пред оданочување изнесува 260.500 евра и тоа е 62 отсто од приходот. По овој параметар Бучи е најдобар од првите три. Неговата канцеларија вработува 10 лица, а нивната просечна плата е 15.328 денари. И по тоа е прв – како работодавач кој дава најниски плати на своите вработени.

Скопскиот нотар Методија Ристоски е четврт по ранг во големата петорка македонски нотариуси. Неговата канцеларија лани вработувала 7 лица, а просечната плата била 27.500 денари или 100 евра повеќе од просекот. Тие седум лица лани оствариле приход од 239.300 евра и нето приход пред оданочување од 181.600 евра. Неговата профитна маргина е 76 отсто и го „шие“ и Бучи. Просечната плата кај Ристоски лани била 27.500 денари, речиси 8.000 денари повеќе од просекот.А канцеларијата вработувала 7 лица.

Најмал од петмината со најголем нето приход е скопската нотарка Анастасија Петреска. Приходот на таа канцеларија е 335.300 евра, а оперативната добивка е 171.000 евра или 51 отсто од бруто приходот. Таа вработува вкупно 7 лица, а просечната плата е 22.137 денари или за 40 евра над просекот. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?