Колку заразени со омикрон имаме во Европа?
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2021
Досега се откриени 42 случаи на заразени со омикрон сојот во Европската Унија(ЕУ), и тоа се главно млади луѓе.
Нивните симптоми се обично поблаги, вели претседателот на ЕЦДЦ, Андреа Амон, пренесе Гардијан. Таа изјави дека здравствените власти проценуваат уште шест потенцијални случаи.
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изрази загриженост за претераната реакција на некои земји на појавата на варијантата омикрон, велејќи дека наметнатите ограничувања можеби не се неопходни .
Минатата недела Европската комисија препорача да се забрани патувањето од Јужна Африка во ЕУ поради појавата на сојот омикрон, што предизвика гнев во африканската земја. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Европската комисија оваа мерка ја оправдува како „мерка на претпазливост“.