Добивај вести на Viber
Македонија е на 77 место од 100 земји во светот според резервите на злато, што ја подготвува Светскиот совет на злато. Според овие проценки, земјава има 6,8 тони златни резерви.
Првото место на листата убедливо го држат САД со дури 8.972 тони злато, по нив следува Германија која поседува 3.387 тони, а трет е ММФ со 2.814 тони злато. Кинеската економија е на шестата позиција со акумулирани 1.054 тони, а само 13 помалку има Русија.
Во регионот, најдобрто котира Грција, која иако се задолжува ги чува златните резерви и е 33-та на листата со 112 тони, Романија е 35-та (103 тони), Бугарија 48-ма, Србија 66-та, додека Црна Гора и Хрватска не се рангирани на листата.