Колумна за мажите
Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2019
Зошто варате? (сериозно ми фали визуал овде да ми го видите ликот кога ви го поставувам прашањето) Зошто решавате да освоите срце на некоја девојка која ги исполнува вашите или критериумите на вашата мајка, еве небитно, и потоа се решавате истото тоа срце да го искорнете, прегазите и претворите во прашина?
Ајде да сме на чисто, ме варале, сум варала за да вратам. Се додека не сфатив дека пак мене ме боли повеќе од него, џабе му ја враќам сета негативна енергија. А да, далеку сум од светица, и те како знам што сакам, и убедена сум дека за да го добиеш тоа што го сакаш, мора да даваш шанса.
Значи јас не сум репер, знам со мажите, од секогаш сум знаела како. Ми го скршиле и на мене срцето, заради друга, и во тој момент за мене било најстрашното нешто на светот. Се додека не ми се случи реалниот живот и не увидов дека најневажна е таа болка.