22 Мај, 2018
0.3538
    ALK 7923.39    -1.94%     CEVI 927    -2.93%     EUHA 3    0%     EVRO 3000    7.26%     GRNT 716    -1.35%     GTRG 3000    0%     KMB 4300    -0.99%     MKSD 200    -1.96%     MPT 31000    0.54%     MTUR 4100    0%     OKTA 3550    -4.05%     PPIV 44478.76    -0.05%     RMDEN09 98.5    1.55%     RMDEN10 98    0.2%     RZLV 44.13    -1.93%     STB 1018.27    0.5%     STBP 1121.15    1.19%     STIL 131.24    -0.75%     TEL 270    0%     TNB 13488.48    -0.09%     TPLF 1543.72    -3.93%     UNI 2361    -2.44%     ZILU 263.29    7.47%     ZPKO 2857    0.04%

„Комерцијална банка“ плени опрема на „РЖ Услуги“ вредна 8 милиони евра?!!!

Објавено во: Економија 14 Септември, 2017

РЖ „Услуги“ извести дека има налог за извршување на 53,1 отсто од постојаните средства на фирмата за наплата на долг кон доверителот „Комерцијална банка“Ќе се одрази ли ова врз термоцентралата КОГЕЛ, во која има сопственост и РЖ Услуги?

„Комерцијална банка“ ќе заплени половина од постојаните средства на „РЖ Услуги“ преку налогот за извршување врз целиот имот на нејзината фирма ќерка „Енергоуслуги“, објави „РЖ Услуги“ на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Преку овој налог за извршување штo „РЖ Услуги“ го примила на 25 август годинава „Комерцијална банка“ обезбедила свое побарување од фирмата во вредност од 496,2 милиони денари односно над 8 милиони евра. Во соопштението до берзата пишува дека вредноста на налогот за извршување претставува над половина од вкупните постојани средства на „РЖ Услуги“ односно 53,11 отсто од нивната вредност. Всушност со налогот за извршување се врши заплена на целокупната опрема во Енергоуслуги ДООЕЛ Скопје, фирма што е во целосна сопственост и е консолидирана со „РЖ Услуги“, како што пишува и во известувањето до јавноста. 
Иако нема наведено детали, јасно е дека налогот за извршување е последица на ненавремено плаќање на обврските што „РЖ Услуги“ и нејзината фирма ќерка ги имаат спрема доверителот „Комерцијална банка“.

„Фактор“ со цел целосно и објективно информирање на јавноста побара кратко објаснува т.е. коментар на објавената информација од „Комерцијална банка“. Одговорот од банката го пренесуваме во целост:„Налогот за извршување врз имот на друштвото Енергоуслуги ДООЕЛ Скопје е издаден заради наплата на побарувања на Комерцијална банка АД Скопје. Во постапка на извршување секогаш се работи за наплата на  достасани побарувања, односно роковите за плаќање на долговите се истечени согласно договорените услови со Банката.“

На некој ќе му се раздени кога на друг ќе му се стемни

Оваа вест ќе одекне силно на две страни. Прво, со радост ќе ја примат сите актуелни и потенцијални инвеститори во акцијата на „Комерцијална банка“. Заради тоа што банката обезбедила покритие за своето побарување. За воља на вистината, имотот што е предмет на извршување сега банката ќе треба да го продаде и да го наплати своето побарување. Доколку подолго време имотот не се продава неговата вредност ќе се намалува. Дополнително е ограничувачки факторот што средствата кои се предмет на извршувањето не се за широка потрошувачка и бројот на потенцијални купувачи е ограничен. 
Второ, за акционерите на „РЖ Услуги“ оваа вест сигурно дека ќе биде многу трауматична и потресна. Оваа вест значи дека компанијата губи повеќе од половина од своите постојани средства што ја прави нејзината иднина многу неизвесна. Последната цена на таа акција изнесува 151 денар и од достапните податоци е видливо дека во периодот од добивањето на извршниот налог (25 август) до сега цената на акцијата паднала за 8 денари што е намалување од 5 отсто. Во речиси исто време односно во  тој временски интервал цената на акцијата на „Комерцијална банка“ пораснала за 80 денари односно за 2,8 отсто.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕМ побара поевтинување на струјата

ЕЛЕМ побара поевтинување на струјата

ЕВН можеби нема да биде Универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата

ЕВН можеби нема да биде Универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата

Во 2018-та бесплатно ќе може да се полнат е-автомобилите во Македонија

Во 2018-та бесплатно ќе може да се полнат е-автомобилите во Македонија

Катлановска бања повторно проработи

Катлановска бања повторно проработи

(ГАЛЕРИЈА) СО СИЛНА ПРЕГРАТКА: Богов ја предаде гувернерската фотелја

(ГАЛЕРИЈА) СО СИЛНА ПРЕГРАТКА: Богов ја предаде гувернерската фотелја

Шапуриќ се сретна со европските и регионалните инженери

Шапуриќ се сретна со европските и регионалните инженери

(ВИДЕО) Ал Џезеира доби право да ги снима плантажите со канабис во Македонија

(ВИДЕО) Ал Џезеира доби право да ги снима плантажите со канабис во Македонија

Владата ќе воведе нови субвенции во авиосообраќајот

Владата ќе воведе нови субвенции во авиосообраќајот

ШТО ДА РАБОТАМ, КОГА ЌЕ ПОРАСНАМ: Професии кои носат најмногу пари во Македонија!

ШТО ДА РАБОТАМ, КОГА ЌЕ ПОРАСНАМ: Професии кои носат најмногу пари во Македонија!