29 Март, 2024
0.0389

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЗА МИЈАЛКОВ: Не го ослободивме ние, Јовески незаконски не именуваше

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка реагира денеска за одлуката на Апелациониот суд, со која се укина мерката притвор за лицето Сашо Мијалков, и како што велат, определени неточни информации, односно дезинформации кои се пласирале во јавноста. Велат и дека реакцијата е поради интервјуто на Државниот јавен обвинител Јовески за МИА денеска за кое велат дека е обид за дефокусирање на јавноста, префрлање на одговорноста и создавање на перцепција за евентуална одговорност на други субјекти, а не на правосудните органи.

Подолу ставот на Комерцијална банка

Прво, Апелациониот суд донесе пресуда со која се укина мерката притвор за лицето Сашо Мијалков, а не Комерцијална банка. Доколку Обвинителството, кое е само една од странките во таа постапка, има проблем со пресудата на Апелациониот суд, тогаш може да преземе активности пред надлежните судски власти согласно своите законски овластувања, а не да ја замајува јавноста со неточни информации за гаранциите и хипотеките. Комерцијална банка не е странка во таа постапка.

Второ, по барање на Бест Веј како хипотекарен должник за гаранцијата за Сашо Мијалков, а и по барањата на Обвинителството, во два наврати, во мај и во октомври 2021 година, Комерцијална банка само се согласи државата да има прв приоритет над понудениот имот (наместо приоритетот на Комерцијална банка) и Комерцијална банка да стане доверител од втор ред. На товар на тоа што одобри државата да има прв приоритет, Комерцијална банка од хипотекарниот должник побара и доби ново дополнително обезбедување во хартии од вредност (акции) и градежно земјиште.

Во интервјуто за МИА од 03.01.2022 година, Државниот јавен обвинител Јовески истакнува:

„Обвинителството во целата постапка што се водеше по повод понудената гаранција зазеде цврст став да не се прифати понудената гаранција“. 

Едноставно, оваа воопшто не е точно. Впрочем, уште во мај 2021 година, Обвинителството се согласи да ја прифати понудената гаранција. Потсетуваме, изјавата на Обвинителството од 19.05.2021 година гласи:

„Обвинителство, ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10.871.170 евра е прифатлива за Обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата.“

Всушност, Обвинителството го прифатило понудениот имот со прв приоритет на државата како гаранција. Доколку денес извадите имотни листови од Катастарот за понудените недвижности и опрема, ќе видите дека државата е запишана како доверител од прв ред, а Комерцијална банка од втор ред и затоа сега нема потреба од никакви замајувања и дезинформации.

Трето, во интервјуто за МИА од 03.01.2022 година, Државниот јавен обвинител Јовески изјавува:

  „Во постапката Комерцијална банка Скопје даде согласност дека сака да биде доверител од втор ред, додека државата да биде доверител во делот на гаранцијата од прв ред… Сметам дека Народната банка треба да испита дали со оваа согласност некој излегол вон рамките на своите службени овластувања или, пак, се доведени во прашање интересите на другите коминтенти на Банката.“

Комерцијална банка укажува на неколку елементи од оваа изјава на Државниот јавен обвинител:

  - согласно законските прописи, обвинителската постапка е тајна и Државниот јавен обвинител не само што не смее, туку самиот ги крши законските прописи кога во овој случај поименично ја именува Комерцијална банка, која не е странка во постапката. За разлика од Државниот јавен обвинител, дури и новинарите беа повнимателни во овој случај и известуваа според законските прописи, наведувајќи дека се работи за „банка“, а не поименично за Комерцијална банка.

  - понатаму, Обвинителството прво бара од Комерцијална банка да даде согласност државата да биде доверител од прв ред, а кога Комерцијална банка ја издава таа согласност, тогаш Државниот јавен обвинител бара Народната банка да испита дали некој во Комерцијална банка излегол вон рамките на своите службени овластувања. Навистина мора да се признае дека ова делува „шашаво“, а дали ќе функционира - ќе видиме.

Државниот јавен обвинител не треба да се грижи за ова затоа што издавањето најразлични видови гаранции (парични, авансни, чинидбени), па дури и ваква специфична согласност за давање приоритет во хипотеките е предмет на редовно работење и законска надлежност на Банката. Одлуката за одобрување прв приоритет на државата, согласно Кредитната политика и овластувања на Комерцијална банка, е предложена од Секторот за кредитирање на стопанството, одобрена од сите надлежни нивоа на одлучување (Управниот одбор, Кредитниот одбор, Одборот за управување со ризици) и на крај потврдена и од Надзорниот одбор на Банката како орган со најголеми кредитни овластувања, по што е издадена соодветна Изјава–Согласност од страна на надлежни лица од Секторот за кредитирање на стопанство и Секторот за правни работи. При тоа, ниеден службеник не излегол вон рамките на своите службени овластувања. Исто така, не се доведени во прашање ниту интересите на другите коминтенти на Банката затоа што на товар на тоа што одобри државата да има прв приоритет, Комерцијална банка од хипотекарниот должник побара и доби ново дополнително обезбедување во хартии од вредност (акции) и градежно земјиште. Убедени сме дека и контролата, која Државниот јавен обвинител лично ја побара од Народната банка, само ќе ги потврди овие констатации од работењето на Комерцијална банка.

На крајот, се надеваме дека Обвинителството не ги помешало предметите по кои работи. Да потсетиме, пред Апелациониот суд се водеа постапки и се одлучуваше за мерката притвор по предметите „Трезор“ и „Плацевите на Водно“. А не, или пак се надеваме сѐ уште не, за службените овластувања во Комерцијална банка.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница