27 Јануари, 2021
0.0330

Комесарот за економија на ЕУ: Се заканува колапс на еврозоната

Објавено во: Свет 13 Јули, 2020


Рецесијата како резултат на коронавирусот се продлабочува, заканувајќи се дури и со колапс на еврозоната, изјави европскиот комесар за економија Паоло Џентилони во интервјуто за Велт.

Џентилони истакна дека економиите на Италија, Франција и Шпанија паѓаат за 10 до 11 проценти, а Данска, Полска, Шведска или Германија, за 4 до 6 отсто.

„Најновите економски податоци предупредуваат: рецесијата е подлабока отколку што се очекуваше, економскиот развој на земјите во еврозоната станува нерамномерен од прогнозата во пролетта. Она за што секогаш предупредувавме е потврдено: рецесијата поради Ковид-19 се заканува дека ќе следува колапс на еврозоната“, рече еврокомесарот.

Според него, земјите од ЕУ треба да се договорат за план за закрепнување на економијата што е можно поскоро, со цел да се зајакне довербата во националната економија.

Претходно, Европската комисија претстави предлог за формирање фонд за спас на ЕУ во висина од 750 милијарди евра. Како што беше планирано, земјите-членки на Унијата ќе добијат помош во форма на грантови (до 500 милијарди евра). Европската комисија овој предлог ќе го достави до земјите-членки на ЕУ и до Европскиот парламент. 

Светската здравствена организација во март објави пандемија на коронавирус. Според најновите податоци на СЗО, повеќе од 12,1 милиони случаи се откриени низ целиот свет, додека повеќе од 551 илјади луѓе починале.


Можеби ќе ве интересира

Исланд прва земја која издаде „ковид пасош“: Вакцинираните слободно на патувања

Исланд прва земја која издаде „ковид пасош“: Вакцинираните слободно на патувања

Научниците открија зошто некои луѓе се отпорни на коронавирусот

Научниците открија зошто некои луѓе се отпорни на коронавирусот

(ВИДЕО) Скијач едвај се спаси откако го бркаше мечка во познато скијалиште

(ВИДЕО) Скијач едвај се спаси откако го бркаше мечка во познато скијалиште

Нема да се спасиме од коронавирусот ни во 2021 година, тврди СЗО

Нема да се спасиме од коронавирусот ни во 2021 година, тврди СЗО

Вирусолог од Берлин: Факт е дека новиот вирус се шири побрзо, загрижува тоа што повеќе се однесува на младите луѓе

Вирусолог од Берлин: Факт е дека новиот вирус се шири побрзо, загрижува тоа што повеќе се однесува на младите луѓе

ПЛИТИДЕПСИН: Шпански лек кој се користел за третман на тумори покажува силна ефикасност во лечење на короната

ПЛИТИДЕПСИН: Шпански лек кој се користел за третман на тумори покажува силна ефикасност во лечење на короната

Хуавеј објави Топ 10 трендови на дигиталната моќност

Хуавеј објави Топ 10 трендови на дигиталната моќност

(СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО) Негувателка бездушно малтретира старица болна од деменција

(СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО) Негувателка бездушно малтретира старица болна од деменција

МЕРКЕЛ СО КРАЈНО ПЕСИМИСТИЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пандемијата излегува од контрола

МЕРКЕЛ СО КРАЈНО ПЕСИМИСТИЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пандемијата излегува од контрола