16 Април, 2024
0.0325

Комесарот Хан и во Белград: Разговараше со Вучиќ

Објавено во: Балкан 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Комесарот на ЕУ за соседска политика и преговорите за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, пристигна вчера во Белград, по пристигнувањето Хан се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тие разговарале за ситуацијата во Западен Балкан и за „идните чекори на Србија кон европскиот пат“,  објави прес-службата на српскиот претседател, а пренесуваат медиумите од регионот.

Вучиќ и Хан конкретно разговарале за застанатиот „ќор сокак“ дијалог меѓу Белград и Приштина и ситуацијата создадена по оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Вучиќ му се заблагодарил на Хан за разбирањето и посветеноста на „одблокирање на дијалогот меѓу Белград и Приштина“ и потврдил дека Србија сака да води политика на мир и соработка, со цел да се зачува стабилноста во регионот.

Хан ја поздрави решеноста на Србија и ја изрази својата подготвеност да помогне да се обезбедат услови за продолжување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Јоханес Хан, исто така ја повика Србија да го забрза „реформскиот процес“ во врска со нејзината европска интеграција и да работи со поголема решителност за владеењето на правото, се вели во соопштението на прес службата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ му честиташе на Јоханес Хан за неговата трета номинација во ЕК од страна ан Австрија.


Можеби ќе ве интересира

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ДАЧИЌ ДО ОСМАНИ: Изјавата е „дрска“

ДАЧИЌ ДО ОСМАНИ: Изјавата е „дрска“

ВЕЖБА ВО СРБИЈА: Специјалец е повреден откако скокнал од хеликоптер, а друг паднал во вода и исчезна

ВЕЖБА ВО СРБИЈА: Специјалец е повреден откако скокнал од хеликоптер, а друг паднал во вода и исчезна

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Уапсените мажи одат на психијатриско вештачење?

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Уапсените мажи одат на психијатриско вештачење?

ВУЛИН ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо

ВУЛИН ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо

ТАТКОТО НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА: Никогаш нема да кажам каде е телото

ТАТКОТО НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА: Никогаш нема да кажам каде е телото

ШТО ТОА ЗНАЕ ВУЧИЌ? „Се наѕираат огромни и темни облаци, доаѓа најтешкиот период од 1945 година“

ШТО ТОА ЗНАЕ ВУЧИЌ? „Се наѕираат огромни и темни облаци, доаѓа најтешкиот период од 1945 година“

ЖИТЕЛИТЕ НА НЕКОИ ЗЕМЈИ МОЖАТ ДА ПАТУВААТ „ПОСЛОБОДНО“ ОД ДРУГИТЕ: Еве кој има најмоќни пасоши во ЕУ

ЖИТЕЛИТЕ НА НЕКОИ ЗЕМЈИ МОЖАТ ДА ПАТУВААТ „ПОСЛОБОДНО“ ОД ДРУГИТЕ: Еве кој има најмоќни пасоши во ЕУ

ПРИСТИГНА ПРВАТА ЖАЛБА НА РАБОТНИК ОД БАЛКАНОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Му биле прекршени правата, еве за што станува збор

ПРИСТИГНА ПРВАТА ЖАЛБА НА РАБОТНИК ОД БАЛКАНОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Му биле прекршени правата, еве за што станува збор