25 Април, 2024
0.0300

КОМИ И ТРАМП: Дали морално неподобна личност си “игра“ со светот?

Објавено во: Свет 16 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Трамп на мета. Поранешниот директор на ФБИ со низа обвинувања.

Доналд Трамп е „морално неподобен“ да биде претседател на Соединетите држави, изјави поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми во интервју за Еј Би Си.

-Не мислам дека тој е здравствено неподобен да биде претседател. Мислам дека е морално неподобен за претседател, вели Коми, додадавјќи дека Трамп не е способен да ги претставува основните американски вредности.

На прашањето, што ќе значи “ако претседателот Трамп се обиде да го отпушти Роберт Милер, специјалниот обвинител кој води истрага за руското влијание врз исходот од претседателските избори во 2016, Коми рече:

-Тоа, се надевам, ќе активира аларм, дека ова е неговиот најсериозен напад врз владеењето на правото. Тоа би било нешто што оди многу подалеку од нормална борба за политика. Тоа ќе остане како вечен срам за обете партии ако не можат да го гледаат тоа од повисоко ниво и да го заштитат, рече Коми.

Трамп во неколку наврати ја нарече истрагата на Милер лов на вештерки и негираше каква било поврзаност.

На директното прашање од новинарот, дали е можно Трамп да е компромитиран од Русите вели дека тоа е можно, но не знае со сигурност.

-Би сакал да не го кажам тоа, но тоа е вистината. Не може во целост да се отфрли дека Русите имале некаков влијание врз него, кое е во однос на неговото лично искуство, и не знам дали се работи за активностите во хотелската соба во Москва или за финансирање или за нешто друго, рече Коми.

Во врска со неговото тврдење дека Трамп е морално неподобен за функцијата, Коми објасни дека човек “кој зборува и ги третира жените како парчиња месо, кој постојано лаже, за големи и мали работи и инсистира на тоа дека американскиот народ верува во тоа – таа личност е не е способена да биде претседател на САД на морална основа”.

Коми смета дека Трамп не треба да биде отповикан.

-Се надевам дека нема, бидејќи со импичмент и со отстранување од оваа функција тоа ќе оди на штета на американскиот народ – бидејќи треба да се почитува изборот на овој народ, тој треба да  гласа за своите вредности, вели Коми.

За време на интервјуто, Коми го повтори своето тврдење дека Трамп му рекол дека очекува лојалност и го притискал да ја отфрли истрагата за Мајкл Флин. Поранешниот советник за национална безбедност подоцна се изјасни за виновен дека го лажел ФБИ и сега соработува со специјалниот советник.

На прашањето, дали со тоа претседателот Трамп ја попречувал правдата, Коми одговори: “Можно е, тоа се секако, некои докази за опструкција на правдата”.

Трамп негираше дека побарал од Коми да ја прекине истрагата за Флин и инсистираше на тоа дека никогаш не побарал лојалност.

Книгата на Коми “Повисока лојалност” нема официјално да биде објавена до вторник, но експлозивните детали од неа веќе се појавија во медиумите. Поголемјите, добија копии од книгата минатата недела и набрзо објавија извештаи со извадоци, каде  Коми за Трамп вели дека е “неетички и не се држел до вистината” и го споредува неговото претседателство со “шумски пожар”.

Претседателот и неговите сојузници започнаа силен контранапад. Во неделата наутро, Трамп објави серија твитови во кои се обвинува Коми дека открил доверливи информации, што укажува на тоа дека треба да оди во затвор, велејќи дека “ќе заврши како најнеуспешен директор на ФБИ во историјата”.

Трамп го отпушти Коми во мај 2017 година поради неговото однесување во истрагата во врска со можната поврзаност на изборниот штаб на Трамп со Русија.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови