(КОМИЧНО ВИДЕО) ОПШТИНСКА НЕГРИЖА: Млад човек си посла крпа и си се избања во „Аеродромското езеро“
Објавено во: Македонија 09 Август, 2020
Комично видео се шири на социјалните мрежи.
Младо момече од општина Аеродром, сакајќи да ги покаже огромните „езера“ кои се формираат во неговата населба после секој посилен дожд и да ги потсети надлежните локални власти дека треба да преземат мерки за да ги санираат дупките, изведува интересно шоу, глумејќи дека е на плажа.
Прво си ја поставува крпата на импровизираната плажа, а потоа оди и да се избања во морето или езерото, кој како милува, дури и мавтајќи им на соседите кои го гледаат од околните плажи.
Видеото е споделено на фејсбук групата „Јас сум општина Аеродром“, преку социјалната мрежа Тик ток
„Аеродром деновиве, жалосно (кратка видео - презентација). Браво за дечкото“, пишува администраторот на групата.
Во еден од коментарите на постот, во кој има комични досетки и поздрав за дечкото кој реши на овој начин да и покаже на општина Аеродром дека треба да ги земе работите во свои раце, се наведува дека оваа локација е на улица „Фрањо Клуз“ бр.11, во стар Аеродром, и секоја година кога има врнежи, за жал, е вака.
„Запознаени се од општината, ама како за се друго - не мрдаат со прст“, се вели во коментарот.