28 Март, 2024
0.0340

Комисијата за односи со верските заедници се чувствува наклеветена од Реџепи

Објавено во: Македонија 24 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Задржувајќи го личното и институционално реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета. Ова го соопштуваат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи од каде демантираат вмешаност во последните превирања во ИВЗ.

Од Комисијата посочуваат дека при настапот пред медиумите сношти, по одржана вонредна седница на ријасетот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во дел од својата изјава го обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски дека е вмешан во последните случувања во Исламската верска заедница. Обвинувања и навреди, како што велат оттаму, беа упатени и за заменик директорот на Комисијата, Зеко Абази.

-Иако на целата јавност и е позната некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ-стои во соопштението.

Од Комисијата велат дека не се во можност дури ниту да се осврнат и да произнесат став во однос на предметните случувања бидејќи, како што додаваат „не располагаат со соодветни релевантни информации ниту од страна на Судот, ниту од страна на верската заедница. За настанот сме запознаени само преку медиумите“.

-Се работи за внатрешни прашања на верската заедница, за кои апелираме да се решаваат со взаемно разбирање, во согласност со позитивно правните прописи и во интерес на верниците, велат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по однос на изјавата на Реисул Улема хаџи Сулејман еф. Реџепи.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?