Комисијата за трговски марки ќе го „чешла“ Централниот регистар?
Објавено во: Економија 22 Јуни, 2018
Комисијата за трговски марки што ќе ја формираат Грција и Македонија ќе го чешла Централниот регистар на Македонија со цел да ги најде сите компании што во своето има ги користат термините македонски, македонска, македонско
“Треба да биде апсолутно јасно дека терминот “Македонија” како ознака за потекло и географска ознака припаѓа исклучиво на Грција, додека нашите соседи можат да го користат новото име “Северна Македонија”. изјави претседателот на Централната унија на комори и атинската стопанска и индустриска комора Константинос Михалос во интервју за ЕРТ1.
Министерот Коѕијас пак предходно потенцираше дека заедничката комисија ќе ги
провери имињата на 3500 Македонски компании кои треба да го отстранат иредентизмот
од нивните називи. Тоа е договорено во член 7 и член 8 од договорот.