Комората на иднината не е зградата, туку кадарот во неа!

Објавено во: Економија 06 Јули, 2022
Во Монографијата за Стопанската комора на Македонија, изработена по повод 100-годишниот коморски јубилеј, посебен фокус е ставен врз личностите значајни за бизнисот во Македонија, компаниите кои биле или се`уште се дел од најголемата и најбројната бизнис-асоцијација, низ призмата на добиените коморски награди во последните 25 години од кога последен пат била издадена коморска монографија, учеството во органите и телата на комората, иницирањето и предлагањето разни мерки, иницијативи и приоритети значајни за економскиот напредок. Ги споменавме Свето Пивара, Нако Кожара, Савка Европа, Симе Витаминка, Андреја Макпетрол, Страшо Гранит, Шевки Ренова, Штерјо, Џобе, Пашата, Туџар, Даути, Бишев..., но во Монографијата ќе прочитате за уште 500 значајни ликови кои вградиле дел од својот живот во развојот на македонската економија.
Комората немаше да биде она што е денес, ако не ги следеше потребите на бизнис-секторот. Тоа значи постојано да си „на штрек“, будно да ги следиш нивните проблеми, да бидеш во процес на постојана трансформација и на крајот, заедно со нив да растеш и да се развиваш. Затоа, свое место во монографијата наоѓаат и податоците поврзани со имплементацијата на проектот „Комора на иднината“ од страна на актуелните бизнис-лидери и стручната служба, опфаќајќи ги нивните размислувања и погледи кон иднината и фокусирањето на неколку клучни приоритети и специјализирани коморски услуги кои се клучот за натамошниот развој. Комората на иднината не нуди се и сешто, туку нуди точно определени услуги за компаниите, кои ќе го помогнат нивниот натамошен развој, извозните перформанси, ќе им овозможат да добијат соодветен кадар, ќе ги поврзат понудата и побарувачката..... Тоа се всушност Берзата на трудот, Институтот за извоз, Школата за бизнис лидери, електронските извозни трговски документи...
100 годишнината од Комората претставува мост на две генерации, мост каде завршува ерата на една поискусна генерација и започнува ерата на новата генерација која успешно го продолжува имплементирањето на концептот „Комора на иднината“. Дел од нив, и младите и возрасните, и големите и помалите, и домашните и странските бизнисмени ги гледате на овие фотографии.
Концептот „Комора на иднината“ претставува одговор на потребите на бизнис- заедницата да има силен партнер, кој со своето знаење и со експертизата ги рефлектира современите трендови и практики на дејствување во брзо и динамично општество. Клучна промена во трасирањето на патот кон Комората на иднината е формирањето на Советите со фокус кон развој, иновации и знаења. Се разбира, во пазарно ориентирани услови и функционирање на правната држава.
Нашата цел е членките да се чувствуваат горди што се дел од најстарата и највлијателната бизнис асоцијација во нашата држава.
Можеби ќе ве интересира
„ИНФЛАЦИЈАТА ГО ДОСТИГНА ВРВОТ“: Веќе бележи надолен тренд во светот, еве какви се очекувањата за Македонија
Од денеска аукција за зелената обврзница, ќе следуваат и проектни обврзници

Директорот на „Мајкрософт“ пукаше во „Гугл“: „Доминира затоа што користи нефер тактики, корисниците речиси немаат избор“

КУШТРИМ РАМАДАНИ СИ ОДИ ОД ТОПЛАНАТА СЕВЕР И ПОЧНУВА СО СВОЈ ПРИВАТЕН БИЗНИС - која е причината за оставката на директорот и што ќе работи неговата нова фирма

Суспендирана контроверзна фирма која земаше струја од МЕПСО без да му плаќа

Се издаваат станови во малите градови, кириите се ниски, ама потстанари ни за лек

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

Пензионерите добија покачување, но не 6.8 отсто туку 5.3 отсто
