25 Април, 2024
0.0278

Коморите бараат поддршка за бесплатен пристап до Централен регистар

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Четирите најактивни комори преку Проектот  Партнерство за подобра бизнис регулатива поддржан од УСАИД, упатија барање до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за финансии во форма на позиционен документ, за поддршка за бесплатен пристап до услугите кои ги нуди Централниот регистар. На бизнис секторот неопходно му е непречен пристап до базата на податоци, со што ќе може да изработува анализи, да согледува неопходни информации за носење деловни одлуки, пренесува бизнисрегулатива.

Заради основната дејност на коморите, според која се основаат, тие се еден вид на sui generis правни лица, кои работат согласно Законот за стопанските комори, каде се дефинирани како непрофитни организации. Главната дејност за основање на коморите е унапредување на стручните и деловни обичаи и норми, како и за застапување и заштита на интересите на стопанските субјекти.

Како што се додава , модерните компании не може да се замислат без ефикасен систем на пристап до податоци. После многубројните истражувања, нема повеќе сомнеж дека бизнис податоците кои се склопени во добра содржинска анализа, и кои се користат во една компанија може да донесат многу придобивки во справувањето со внатрешните и надворешните задачи и проблеми со кои може да се соочи една компанија во секојдневните операции и долгорочната одлука.

Сепак, имателите на информациите, како што во овој случај е Централниот регистар, сепак многу сегрегирано ги споделуваат информациите со Коморите, а кога се споделени, за истите се наплаќа сериозно висока сума, која без малку претставува осиромашување на Коморите.

Како позитивна регулатива која го обработува идентификуваниот проблем се подолу посочените одредби, односно закони:

Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Закон за централен регистар

Член 15 од Договорот за Европската унија

Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (член 12) и во Законот за централен регистар (член 14), обезбедена е јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Согласно Основните поими дефинирани во законот:

„Иматели на информации“ се органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејности од јавен интерес утврдени со закон.

Поради фактот што Коморите се правни лица кои имаат дејност од јавен интерес, токму таму е поврзаноста и потребата за пристап кон овие податоци.  

Пристапот до Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица, Регистарот за годишни сметки, Регистар на директни инвестиции, Регистар за забрана за вршење дејност и Регистар за казни на правни лица, се бара да биде целосно достапен за Коморите, бесплатно и во форма на отворени податоци.

Како дополнителна вредност која ќе се оствари доколку на Коморите им биде препознаена оваа потреба, ќе биде и директно зголемување на бројот на анализите на пазарот, препознавањето и следењето на финансиските текови и движењето на економијата, ќе се воочува потребата од потребните мерки за вклучување на помош од државата, ќе се придонесе кон близок и партнерски однос помеѓу приватниот сектор и државата и директно ќе се зголеми транспарентноста, отчетноста и општествената одговорност на сите субјекти во економијата.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка